Достапни линкови

Вести

Аринч-Турција не ги дескриминира граѓаните по верска основа

Турскиот вицепремиер Булент Аринч соопшти денеска дека Турција не ги дискриминира своите граѓани по верска основа и го повика вселенскиот патријарх Вартоломеј да ги објасни обвинувањата за состојбата на грчкото малцинство во земјата. Патријархот ијавил дека припадниците на грчкото малцинство се чуствуваат како граѓани од втор ред и не ги имаат истите права како другите жители во Турција.

Русија со рекордна заработувачка од продажба на оружје во 2009

Руската продажба на оружје ќе достигне рекордно ниво во 2009 година, поради големиот извоз кој го остварила земјата. Федералниот сервис за воена и техничка соработка соопшти дека од извоз на оружје и воена технологија тие ќе добијат 8 ипол милијарди долари. Тоа ќе биде десета година по ред како заработката од продажбата на оружје се зголемува од претходната година. Во 2008 година Русија заработила 8,35 милијарди долари.

Авионите почнале да летаат на аеродромот во Франкфурт

Летовите на аеродромот во Франкфурт делумно почнале да функционираат по снегот и мразот, поради кои 8000 патници останаа да чекаат во терминалите или во хотелите во близина. Авионите на третиот по ред најголем аеродром во Европа почнале да летаат изутринава кога три писти биле исчистени од снегот и мразот. Во понеделникот околу 280 лета беа откажани, бидејќи аеродромот беше затворен поради лошото време.

Тадиќ-кандидатурата за во ЕУ е историски ден за Србија

Денеска е историски ден за Србија, бидејќи главна цел на земјата во текот на десете години од воведувањето на демократијата е Европската Унија, изјави денеска во Стохолм српскиот претседател Борис Тадиќ по официјалното поднесување на барањето за кандидатура на земјата за членство во унијата. Тој истакна и дека Србија е подговена да ја исполни својата крајна цел, која е членство во ЕУ.

Австија ќе даде 20 милиони евра за обнова на еврејски гробишта

Австриските власти соопштија денеска дека тие ќе платат 20 милиони евра за обнова на еврејските гробишта кои биле уништени кога нацистичка Германија ја анектирала земјата. Австрија се обврзала дека ќе се грижи за гробиштата во 2001 година како компензација за нацистичките злосторства, но властите и покраината неможеле да одлучат кој треба тоа да го направи. Австрискиот канцелар Вернер Фајман дека одлуката е поради почит спрема историјата, еврејските граѓани и културното наследство на земјата.

БИХ може ќе добие визна либерализација во 2010

Босна и Херцеговина ќе добие визна либерализација во првата половина на 2010 година за време на шпанското претседавање со ЕУ доколку властите успешно ја сработат својата работа, соопшти денеска амбасадорот на Шпанија во БИХ, Алехандро Енрике Алваргонзалес Сан Мартин. Тој изјавил и дека треба да се прекине маѓепсаниот круг во кој се наоѓа земјата и да го зајакне својот капацитет.

Папуа Нова Гвинеја го призна Косово

Папуа Нова Гвинеа ја призна независноста на Косово, соопшти денеска опозициската алијанса за ново Косово. Оваа држава во Океанија решила да го признае Косово по лобирањето на лидерот на партијата Беџет Пацоли. Писмото за официјалното признавање на Косово ќе биде предадено во јануари.


Претседателот на прокурдска партија во Турција под истрага

Турското обвинителство ќе започне истрага, против претседателот на прокурдската Партија за демократско општество, Ахмет Турк на која уставниот суд и забрани да се занимава со политичка дејност поради нејзината наводна поврзаност со курдските бунтовници. Истрагата е покрената затоа што Турк изјавил дека лидерот на Курдската работничка партија, Абдула Оџалан кој е во затвор ги советувал пратениците од неговата партија да останат во парламентот по одлуката на судот. Турк тврди дека Оџалан преку неговите адвокати им го пренел своето мислење на пратениците.

16 жртва на грипот А Х1 Н1 во Македонија

Еден пациент заболен од грипот А Х1 Н1 починал вчера поради компликации на бронхопневмонија на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти министерството за здравство. Со овој случај бројката на жртви од грипот во Македонија се искачи на 16. Пациентот претходно боледувал од белодробно заболување, дијабетес и ревмаотоиден артритис. Во изминативе 24 часа низ болниците во Скопје се примени нови 16 лица со симптоми на грипот.

3 обвинети признале дека го украле знакот од Аушвиц

Тројца од петте уапсени за кражбата на знакот “Работата ќе ве ослободи” од еден поранешен нацистички логор во Аушвиц ја признале вината. Нивните имиња не се објавени. Другите двајца негирале дека биле вмешани во кражбата. Обвинетите биле однесени пред логорот за да им објаснат на истражителите како успеале да го украдат знакот, кој бил 5 метри долг и 30 килограми тежок. Полската полиција го пронајде знакот сокриен во шума одалечена 100 метри од логорот.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG