Вести
САД очекува договор со Русија за нуклеарно вооружување до 2010
Белата куќа соопшти денеска дека Соединетите Американски Држави очекуваат договорот со Русија за нуклеарно вооружување да се постигне до крајот на годината. Според потпаролот на совето за национална безбедност Мајкал Хамер целта на САД останува да се потпише добар договор до крајот на годината. Претходно имаше најава дека САД и Русија ќе го потпишат договорот на самиот за климатски промени во Копенхаген.
Црна Гора прогласи епидемија на свински грип
Црногорската Влада денеска прогласи епидемија на грипот А Х1 Н1 на целата територија на земјата, соопшти министерот за здравство Миодраг Радауновиќ. Според министерот бројката на заболени во земјата е далеку над епидемискиот праг, но тоа нема да значи автоматско спроведување на одредени мерки за спречување на ширењето на заразата.
23 повредени во екплозија во руската република Ингушетија
Во експлозија на автомобил бомба во руската република Ингушетија повредени се 23 лица, меѓу кои и 3 деца. Автомобилот кој имал чеченски таблици и кој бил управувал од терорист удрил во група на дестина сообраќајци на контролен полициски пункт и веднаш експлодирал. Повредени се припадници на полицијата, војници и десет цивили.
Русија ја критикува Грузија за рушење на споменик
Руското министерство за одбрана соопшти денеска дека е загрижено поради одлуката на Грузија во градот Кутаиши да изгради праламент на местото каде сега се наоѓа споменик за Втората Светска Војна. Грузискиот претседател Михаел Сакашвили соопшти дека сака парламентот да биде преместен во Кутаиши за да се ревитализира градот. Рушењето на споменикот за војната беше критикувано и од страна на опозицијата. Околу 300 000 Грузици умреа борејќи се на страната на Советскиот Сојуз за време на Втората Светска Војна.
ЕУ го критикува односот на Азербеџан кон медиумите
Европскиот парламент денска ја усвои резолуцијата, во која се критикува ниското ниво на слободата на медиумите во Азербеџан. Резолуцијата најмногу го критикува затварањето на опозициско насторените новинари, како што е уредникот Ејнула Фатуљев. Според еден од членовите на парламентот, Туне Келам праксата на малтретирање и судење на таквите новинари е алармантна и побара од властите веднаш да ги пуштат на слобода.
Романија ја одбележа смртта на демонстрантите во 1989
Романија денеска ја одбележа 20 годишнината од смртта на десетината демонстранти во 1989, кога тогашниот комунистички лидер Николае Чаушеску нареди полицијата да пука на насобраната толпа во градот Темишвар. Три дена по протестите на 20 декември Темишвар стана првиот романски град кој се изјасни дека е слободен од комунизмот. Револуцијата за падот на режимот е една од најкрававите во централна и источна Европа во која животот го загубија 1100 луѓе, а беа повредени 3500.
ЕК дава 50 милиони за сушата во источна Африка
Европската комисија денеска издвои 50 милиони евра за сушата која ја погоди заедницата во источниот дел на Африка. Карел Де Гухт која е задолжена за хуманитарната работа во комисијата соопшти дека поради намаленото ниво на дождови за 75 проценти во Етиопија, Сомалија, Уганда и Кенија народот е донесен до работ на сиромаштија и глад.
Протести во Атина поради намалување на буџетот
Неколку илјади луѓе денеска протестираа во Атина, поради планот на Владата да го намали буџетот. Протестот бил организиран од синдикатот ПАМЕ, а посебно демонстрирале учителите, лекарите и службениците во општините. Воедно и новинарите од Грција излегле на штрајк, при што електронските медиуми не емитувале информативна програма. Премиерот Јоргос Папандреу во понеделникот објави дека ќе го скрати буџетот за да го намали земјата надворешниот долг.
20 нови пациенти со симптоми на свински грип во Македонија
На клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани пет нови пациенти со симптоми на свински грип во изминативе 24 часа, соопштуваат од Министерството за здравство. Во Воената болница се примени двајца пациенти, а според министерството во клиниката за детски болести и институтот за белодробни заболувања кај децата се примени на лекување уште 13 деца.
Азербеџан,Авганистан и Монголија ќе добијат вакцини за А Х1 Н1
Светската здравствена организацији планира да прати вакцини, против свинскиот грип во наредните неколку недели во Азербеџан, Авганистан и Монголија. Уште 35 земји во развој чекаат да добијат вакцини. Одлуката доаѓа по изјавата на еден член на организацијата, Кејл Фукуда дека сеуште е рано да се прогласи крај на пандемијата, бидејќи таа и понатму се развива во делови на Европа и Централна Азија.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете