Вести
Имигранти од Грузија и Чеченија задржани во воз во Полска
Полските власти соопштија дека околу 200 Грузијци и Чеченци, кои сакале да имигрираат се задржани во воз на полската граница со Германија. Тие се упатиле во Стразбур, Франција за да ги бараат своите човекови права. Откако тие не добиле дозвола да ја преминат границата Грузиците и Чеченците одбиле да го напуштат возот кој требало да отпатува за Дрезден во Германија. Според нивната апликација за азил групата на луѓе во која имало жени и деца била принудена да остане во Полска.
Претседателските кандидати во Украина се откажале од тв дебати
Во Украина петте главни кандидати за претседателските избори се повлекле од телевизиската дебта закажана за јануари. Според централната изборна комисија меѓу нив е и сегашниот претседател Виктор Јушченко и неговиот ривал премиерот Јулија Тимошенко. Лидерот на опозицијата Виктор Јанковиќ, како и претседателот на парламентот Володимир Литвин и Арсениј Јатсениук исто така го откажале своето учество на дебатите, пред изборите на 17 јануари. Никој од нив не ја соопштил причината за ваквиот потег.
Виетнам и Русија потпишаа договор за оружје и нуклеарна енергија
Виетнам и Русија денеска потпишаа договор за снабдување на оружје и нуклеарна енергија. Виатнамскиот премиер Нујен Тан Дунг соопшти дека тие од Русија ќе купат подморници, авиони и воена опрема. Русија и Виетнам се договориле и за изградбата на првата виетнамска нуклеарна постројка. Црна Гора исто така планира да купи две подморници од Русија во вредност од 2 милијарди долари.
ЕУ бара од Грција мерки за спас од финасиската криза
Европската унија денеска од Грција побара да ги соопшти деталите, како таа планира да ја поправи финансиската криза, бидејќи земјата должи 300 милијарди евра. Вчера грчкиот премиер Јоргос Папандреу најави дека ќе го врати редот во домашната економија. ЕУ конкретните мерки од Грција ги очекува на почетокот на јануари. Претходните мерки на Папандреу европските експерти соопштија дека не се доволно добри за спас на економијата. Тие кризата во Грција ја оценија како најлоша досега во историјата на земјата.
Земјите од Јадранската повелба ја подржуваат Македонија за влез во НАТО
Земјите на Јадранската повелба го подржуваат членството на Македонија во НАТО, бидејќи тоа ќе придонесе за унапредување на мирот во целиот регион, соопштија денеска тие на состанокот во Сараево. На средбата беа освен Македонија и Албанија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и САД. Министерот на Хрватска, Гордан Јандроковиќ истакна дека НАТО што поскоро сака да ја види Македонија зашто со спроведените реформи таа тоа го заслужува. Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски изјави дека Македонија е горда, бидејќи има голем број на војници во Авганистан и дека таа дополнителното ќе ги зголеми своите трупи.
Швајцарија му суди на геолог кој е обвинет дека предизвикал земјотрес
Швајцарија му суди на еден геолог кој е обвинет за предизвикување на земјотрес во Базел. Маркус Хаеринг ги отфрли обвинувањата дека додека работел на неговиот проект за геотермална енергија предизвикал земјотрес во северозападниот дел на земјата во 2006 година. Тој соопштил дека земјотресот бил појак отколку што очекувал. Доколу биде осуден Хаеринг може да добие затворска казна од 5 години
САД не отстапува од својата понуда во Копенхаген
Американскиот шеф на делегацијата во Копенхаген, Тод Стерн соопшти денеска дека САД нема да ја подобри својата понуда за намалување на емисијата на штетни гасови во водухот. Обама понуди да ја намали емисијата за 17 проценти до 2020 година, што наиде на критики од другите земји како неадекватна. Денеска во Копенхаген пристигна и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун кој ќе има свое обраќање на конференцијата за климатски промени.
Медведев отпушти службеник од министерството за внатрешни работи
Рускиот претседател Димитри Медведев го отпушти Анатоли Микалин, кој е висок службеник во министерството за внатрешни работи, поради неговата вмешаност во случајот на адвокатот Сергеј Магнитски осуден за измама и кој почина во затворот поради наводно лошите услови. Адвокатот беше уапсен во ноември 2008 за прикривање на данок во вредност од 230 милиони долари, а во измамата биле вмешани и членови на министерството за внатрешни работи.
Словачка ќе испрати нови војници во Авганистан
Словачка ќе ги зголеми двојно своите трупи во Авганистан, соопшти нејзиниот претседател Иван Гаспаровиќ. Во моментов Словачка има 262 војника во Авганистан. Според Гаспаровиќ земјата ќе мора да ја намали бројката на војници во другите меѓународни мисии за да испрати нови во Авганистан. Во понеделникот шефот на словачките безбедносни сили Лубомир Булик соопшти дека за таа цел од Косово ќе бидат повлечени 120 војници.
Шпанија ќе го подржи проширувањето на ЕУ
Проширувањето на Европската унија беше приоритет на секое претседателство, тоа ќе и биде приоритет и на Шпанија за време на нејзиното шест месечно претседавање со унијата изјави шпанскиот министерот за европски прашања Диего Лопез Гардио. Според Гардио се очекува и Македонија да добие датум за преговори за членство во унијата. Тој изјавил и дека Шпанија е европски ориентирана земја и дека тие сметаат дека ЕУ со Србија, Хрватска и Турција може да биде само посилна, а не послаба.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете