Вести
САД предупредуваат дека блиските односи со Иран носат и последици
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ги предупреди Венецуела и Боливија двапати да размислат во врска со блиските односи со Иран. Клинтон додаде дека Иран е еден од најголемите светски спонзори на тероризмот и оти државите од Латинска Америка не треба да ги продлабочуваат односите со Техеран, бидејки ќе се соочат со последици.
Украина бара нов кредит од ММФ
Украина денеска побара од Меѓународниот Монетарен Фонд кредит во износ од 2 милијарди долари за да се справи со екстремно тешката финансиска ситуација. Киев наведува дека кредитот му е потребен за да ги плати сметките за увезениот гас од Русија и да ја пополни буџетската дупка. Меѓународниот Монетарен Фонд вчера ја запре испораката на една од кредитните транши за Украина поради неспроведувањето на клучните реформи.
Нема предвремен распуст во Македонија
Нема потреба од предвремен распуст за учениците, констатираа членовите на Управувачкиот комитет за актуелната состојба со новиот грип од типот А (Х1Н1) на денешната вонредна седница. "Не е потребно предвремено распуштање на училиштата, бидејќи вкупниот број на ученици што не посетуваат настава не е толку голем. Образовните институции треба нормално да функционираат до редовниот распуст, а доколку има нови случувања комитетот пак ќе заседава", изјави министерот за здравство Бујар Османи по завршувањето на седницата.
7 луѓе загинати во напади во околината на Багдад
Ирачкото министерство за внатрешни работи соопшти дека денеска биле убиени 7 луѓе, вклучувајки и тројца полицајци и двајца воници во околуната на Багдад. Инаку, денеска во Багдад беше американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс.
5-мина загинати во бомбашки напад во Авганистан
Авганистанската полиција соопшти дека бомбаш самоубиец убил двајца полицајци и тројца цивили во источен Авганистан. Според истиот извор, уште 5-мина полицајци и 16 цивили биле повредени при нападот.
Поради грипот, распустот во Србија од 21-ви декември
Речиси е сигурно дека зимскиот распуст во Србија, поради епидемијата на новиот грип, ќе започне на 21-ви, наместо на 30-ти декември, изјави денеска српскиот министер за образование Жарко Обрадовиќ. Конечната одлука треба да биде донесена во понедлник или во вторник.
ЕУ се залага за нови санкции против Иран
Лидерите на Европската Унија денеска повикаа на меѓународна акција против Иран поради одбивањето на Техеран да соработува со меѓународната заедница за неговата нуклеарна програма. Иран нема интерес за вистински преговори, се вели во заедничката изјава од самитот на ЕУ во Брисел, кој беше посветен и на климатските промени и финансиската криза.
Партиските лидери во Македонија и по средбата со Фуере поделени
Лидерите на парламентарните партии денеска беа на средба кај евро-амбасадорот во Македонија, Ерван Фуере, а присуствуваше и шведскиот амбасадор Ларс Фреден. По средбата, премиерот Никола Груевски изјави дека во Македонија нема евро-скептицизам, но оти по 7-ми декември има чувство на разочарување и неправда. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети оцени дека средбата била конструктивна и оти била постигната согласност дека треба да биде најдено решение за спорот со Грција за името. Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски најави конструктивност, но оцени дека премиерот Груевски треба да свика лидерска средба, а не тоа да го прават странците.
Пакистанските сили денеска убиле 20 милитанти
Пакистанските сили во денешните операции убиле 20 милитанти и уништиле едно нивно засолниште во северо-западниот дел на земјата. Во меѓувреме, Обединетите Нации соопштија дека над 40 илјади луѓе го напуштиле тој регион поради борбите и оти е потребна итна хуманитарна помош.
Во Хаг заврши расправата за Косово
Меѓународниот суд на правдата во Хаг денеска ја заврши расправата за легалноста на прогласувањето на косовската независност. Во изминатава недела претставници на повеќе држави го искажуваа своето мислење за овој проблем, при што поголемиот дел од западните земји сметаа дека косовската независност е легална, додека Кина, Русија, и уште неколку држави оценија дека прогласувањето независност било во спротивност со меѓународното право. Сега, судот треба да завземе став, кој не е обврзувачки, туку само советодавен.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете