Вести
Ердоган нема да се вакцинира од новиот грип
Триесет и четири лица починаа од вирусот на новиот грип во Турција во изминатите пет дена, а вкупниот број смртни случаи во земјата од вирусот достигнал 195 лица, соопшти турското Министерство за здравство.Во Турција досега се хоспитализирани 287 лица, а околу сто од нив се на интензивна нега. Министерството за здравство повторно упати апел до населението да се вакцинира од новиот грип.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека тој и членовите на неговото семејство нема да се вакцинираат
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека тој и членовите на неговото семејство нема да се вакцинираат
Груевски - Папандреу бара промена на името и идентитетот
Македонскиот Премиер Никола Груевски денеска за Канал 5 изјави дека грчкиот Премиер Јоргос Папандреу на средбата во Пили – Преспа во петокот му рекол дека грчката позиција не е само промена на името туку и на идентитетот на Македонија. Груевски, за овој грчки став, рече дека бил информиран и од медијаторот на ОН Метју Нимиц, но, не изјави кога тоа се случило. Груевски на Папандреу му одговорил дека за такво нешто нема мандат. Македонскиот Премиер за Канал 5, исто така, изјави и дека е речиси сигурен оти на 7 Декември на самитот во Брисел, ЕУ ке го забележи напредокот на Македонија со формулацијата дека земјата е подготвена да започне преговори со Унијата кога ке го реши спорот со Грција.
Обама наредил примена на стратегијата за Авганистан
Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама веќе наредил неговата нова стратегија за Авганистан да започне да се спроведува и ги информирал лидерите на Русија, Британија и Франција за неговите планови.Се очекува утре американскиот претседател да објави дека во Авганистан ке бидат испратени нови десетици илјади американски војници. Во меѓувреме, премиерот Гордон Браун денеска потврди дека Велика Британија ќе испрати дополнителни 500 војници во Авганистан.
Солана - Техеран погреши
Евро комесарот за надворешна политика Хавиер Солана изјави денеска дека Техеран погрешил што решил да изгради повеќе фабрики за збогатување на ураниум.Иран вчера ги објави плановите за изградба на 10 нови постројки за збогатување на ураниумот. На овој потег се гледа како на одговор на Меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите нации која минатата недела побара од Иран од да ја запре тајната програма за збогатување на ураниумот во близина на градот Ком.
Косовската независност пред Судот на ОН во Копенхаген
Косовскиот Претседател Фатмир Сејдиу изјави дека очекува највисокиот суд на ОН да ја потврди легалноста на Косовската државност на сослушувањето кое започнува утре во Копенхаген. Српскиот Претседател Борис Тадиќ пак предупреди дека декларацијата за независност на Косово ке воспостави преседан за сецесионистичките движења во светот. По фебруари 2008 досега над 60 држави ја признаа независноста на Косово.
Србија и Црна Гора задоволни од визната либерализација
Претседателот на Србија Борис Тадиќ на заедничката прес-конференција со еврокомесарите Жак Баро и Оли Рен во Брисел изјави дека ставањето на Србија на белата шенген листа е прв чекр кон целосната интеграција на земјата во Европската унија. Тој истакна дека Србија преговорите за полноправно членство во ЕУ ќе ги почне што е можно поскоро и оти се надева на големи успеси во најкус можен рок. Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ пак оцени денеска дека денешната одлука на Советот на министри за внатрешни работи и за правда има повеќекратна вредност и корист за граѓаните на Црна Гора.
Визната либерализација - историски чекор
Визната либерализација денеска во Скопје како историски чекор за македонските граѓани ја поздравија Претседателот Ѓорѓе Иванов, Премиерот Никола Груевски, како и преставниците на организации, партии, институции. „Визната либерализација не претставува подарок за Македонија, туку решението е донесено врз основа на исполнувањето на одредниците од патоказот за укинување на визите“, изјави по повод преминувањето на Македонија на белата шенген листа шведскиот амбасадор во земјава Ларс Фреден. Тој додаде дека овој чин се планирал долго време и оти е горд што се реализира во време кога со Унијата преседава неговата земја.
Зголемена автономијата на Војводина
Српскиот Парламент денеска одбри поголема автономија за покраината Војводина. Оваа одлука беше донесена со 138 гласа од 250 те во Собранието, а со неа се враќа повекето од надлежностите кои и беа одземени на Војводина во времето на Слободан Милошевиќ.
Десничарите против минарињата во Холандија и Данска
Десничарските партии во Холандија и Данска десното денеска побараа референдум за забрана на изградба на минариња во нивните земји како што тоа се случи, по ваквата гласање во Швајцарија.
Водачот на холандската десничарска партија за слобода ПВВ, Герт Вилдерс изјави дека неговата партија ја повикува владата да направи сличен референдум и во Холандија што е можно поскоро. Пиа Кјаерсгаард, лидер на данската Народна партија го поздрави резултатот од референдумот во Швајцарија и порача дека нејзината партија ќе бара референдум против муслимански минариња и во Данска.
Водачот на холандската десничарска партија за слобода ПВВ, Герт Вилдерс изјави дека неговата партија ја повикува владата да направи сличен референдум и во Холандија што е можно поскоро. Пиа Кјаерсгаард, лидер на данската Народна партија го поздрави резултатот од референдумот во Швајцарија и порача дека нејзината партија ќе бара референдум против муслимански минариња и во Данска.
Белорусија го либерализира законот за избори
Парламентот во Белорусија која се обидува да ги подобри своите односи со Европската Унија, денеска гласал за либерализација на законот за избори. Гласањето се случи само на еден час пред во земјата да пристигне италијанскиот премиер Силвио Берлускони, кој е првиот западен лидер кој ја посетува земјата по повеќе од една декада. Земјите од Европската Унија се заложија за подобрување на односите со Белорусија, која од Западот е критикувана за кршење на човековите права и недемократско владеење.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете