Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок порача дека нејзината земја ќе продолжи да испраќа оружје и друга поддршка за Украина дури и ако Русија целосно го прекине снабдувањето со гас за Европа.
На видео, снимено од руски војник, се гледа како некои војници не сакаат да го послушаат претпоставениот и да одат да се борат во Украина. Потоа, тие биле затворени, сведочи фотографија на еден од војниците.
Антивоени активисти ги отстрануваат симболите на руската војна против Украина кои се појавија на улиците низ Србија од првите денови на инвазијата.
Поголемиот дел од висококвалитетната пченица во Бугарија ќе се извезува за да се помогне ублажувањето на недостигот предизвикан од руска инвазија на Украина. Но, тоа исто така значи дека бугарскиот леб ќе продолжи да се прави од жито со послаб квалитет што вообичаено се користи во добиточната храна.
Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен денеска во македонското Собрание изјави дека со првата меѓувладина конференција, која треба да се одржи наскоро доколку Северна Македонија го прифати францускиот предлог, конкретните преговори и процесот на скрининг ќе започнат веднаш.
Во близина на плоштадот Скендербег, кај ТЦ Мавровска, имаше инцидент кога група луѓе почна да гаѓа со тврди предмети кон демонстрантите. На ова реагираше полицијата која го обезбедуваше протестот.
Волонтери од Грузија, Франција, Австралија, Бразил и други земји се борат во битката за градот Северодоњецк во источна Украина. Новинарот на РСЕ Марјан Кушнир, беше со војници кои велат дека дошле за да помогнат во одбраната на Украина.
18-годишниот Вјачеслав од украинската област Доњецк стана старател на четири помали браќа и сестри откако нивната мајка била убиена од руска граната и нивната куќа била целосно уништена. Стотици се понудија да му помогнат на семејството по нивната приказна искажана за РСЕ.
Поглаварот на Српската православна црква господин Порфириј на денешната заедничка литургија на СПЦ и МПЦ - ОА во Скопје ја призна автокефалноста на Македонската православна црква. Верниците во и околу храмот со громогласен аплауз го дочекаа соопштувањето на одлуката.
Украинци ја кажуваат вистината зад пропагандно видео во кое беа принудени да учествуваат додека нивното село беше окупирано од чеченските про-Кремљ борци.
Алармантно е загадувањето на реката Вардар во скопскиот реон. Категоризирана како 4 или 5 категорија, таа е неупотреблива, вклучително и за наводнување или за капење, со што претставува потенцијална опасност за граѓаните. Спасот се гледа во пречистителната станица.
Најмалку 112 војници од рускиот регион Бурјатија се убиени во Украина од февруари, според антивоената група Фондацијата Слободна Бурјатија. „Карент тајм“ ги разгледа приказните на некои од оние кои загинаа и разговараше со луѓето во регионот, од кои многумина ја поддржуваат инвазијата врз Украина
Вчитај повеќе