Хуманитарци ја повикуваат владата на Романија да им помогне на стотиците мигранти кои живеат во напуштени објекти во градот Тимсоара. Се кријат таму, бидејќи, како што велат, во центарот за азил е како во затвор, па дури и полошо.
Европа ги укинува рестриктивни мерки, бројот на заболени од Ковид 19 се намалува. Во Индија сеуште е критично, иако по речиси еден месец, бројот на ново-инфицирани е под 300.000.
Израел и палестинците го обновија конфликтот, најжесток во последните години. Светските лидери повикуваат на воздржаност поради опасноста од голема ескалација, која може да прерасне во војна.
Русија негира дека стои зад сајбер нападот врз американскиот нафтовод преку кој со гориво се снабдува голем дел од источниот брег во САД. Американската администрација се обидува да го нормализира снабдувањето, но цените на горивата на бензиските пумпи се зголемија.
Во Индија пандемијата урива рекорди, со над 360 илјади инфицирани и околу 4 илјади смртни случаи дневно.
Пред вакциналниот пункт во салата „Борис Трајковски“ нема гужва и се вакцинираат граѓаните кои имаат закажан термин. Вакцинацијата се одвива непречено. Меѓу нив е и 82 годишната Вера Стојчевска Антиќ која порачува дека вакцинацијата е нужна и потребна.
Компанијата Фајзер соопшти дека тестира апчиња со кои ќе се лекува Ковид 19, а пациентите нема да завршуваат во болница. Лекот би требало да биде готов до крајот на годинава, но експерти предупредуваат дека тој не може да биде замена за вакцина.
Бремените кои во оваа пандемија ги охрабрувавме да бидат силни, да и се спротивстават на болеста и навреме да побараат лекарска помош и мајките кои додека се бореа со болеста на свет донесоа нов живот, ќе останат наши херои, вели доктор Весна Чибишева од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Групите за човекови права во Пакистан бараат нови закони за заштита на малолетни Хинду девојки кои со сила го прифаќаат исламот и се венчаваат со Муслимани.
Неколку дена по ред драстично се во пораст новите случаи на Ковид 19 во Индија, а здравствениот систем колабира. Италија почнува да ги олабавува рестрикциите, а постепено отворање на училиштата почнува и во Франција, иако таму и натаму е висок бројот на пациенти на интензивна нега.
Учесниците на протестот пеат патриотски песни и скандираат „Никогаш северна, само Македонија“, како и „Слобода за браќата“. Тие побараа безусловно ослободување на осудените за насилствата од 27 април 2017 година.
Иако во мал број земји во светот ситуацијата со Ковид 19 се става под контрола, глобално сеуште има големи проблеми. Досега во светот починале над 3 милиони луѓе.
Вчитај повеќе