Во светот, паралелно со почетокот на вакцинирањето на населението, се појавуваат и нови варијанти на Ковид 19. Во повеќе држави во Европа бројките на инфицирани и починати и натаму растат, па продолжуваат и рестриктивните мерки.
До приемот во болница со проблеми, потоа подобро. Но, недостига медицински кадар.
Додека во земјите членки на ЕУ веќе е во тек вакцинирањето против Ковид 19, балканските држави засега се без вакцини. Единствено во Србија има одредени количества, но не доволно. Таквата ситуација повторно го подгрева евро-скептицизмот во земјите од регионот.
Насилни демонстранти кои го поддржуваат американскиот претседател Доналд Трамп упаднаа во зградата на Капитол Хил во САД.
Во повеќе држави во светот е во тек вакцинирањето против Ковид 19, откако одобренија добија неколку вакцини. Во меѓувреме, се појавуваат мутации на вирусот, полесно пренослив, но не и поопасен.
Претстојните избори во американската држава Џорџија за две места во Сенатот ќе решат кој ќе го контролира горниот дом на Конгресот и законодавната агенда на претседателството на Џо Бајден.
Пандемијата со коронавирусот донесе големи промени во секојдневниот живот на луѓето, некои на полошо, но некои и на подобро. Карантин, затворени продавници, кафеани, работа од дома. Но, и повеќе време со семејството, со најблиските.
Забрана за патување во и од Велика Британија поради мутација на Ковид 19, кој се шири побргу. Во земјите членки на ЕУ наскоро ќе почне вакцинирање со вакцината на Фајзер и Бајонтех. Во САД, одобрен тест на Ковид 19 во домашни услови.
Како што некои земји започнаа да ги пуштаат во употреба вакцините против ковид 19, здравствените власти се загрижени дека неоснованите теории на заговор и анти-ваксерските кампањи на интернет можат да ги поткопаат напорите за вакцинација на популацијата против коронавирусот.
По Велика Британија, вакцината на Фајзер и Бајонтех, ја добија и САД и Канада, но засега само за приоритетните, - медицинарите во првите редови и старите. Масовно вакцинирење на сите, во текот на целата наредната година.
Европската Унија одобри нова легислатива, според која, оние што ги кршат човековите права ќе се соочат со забрана за патување и замрзнати сметки. Така-наречениот Магнитски закон ќе ги таргетира инволвираните во геноцид, тортура и незаконски апсења.
Во Русија почна масовното вакцинирање против коронавирус, а во Велика Британија стигна вакцината на Фајзер и Бионтех, одобрена од тамошните надлежни. Во меѓувреме, светот се подготвува и за прослава на Божиќ и Нова година, во услови на пандемија.
Вчитај повеќе