Пандемијата со коронавирусот донесе големи промени во секојдневниот живот на луѓето, некои на полошо, но некои и на подобро. Карантин, затворени продавници, кафеани, работа од дома. Но, и повеќе време со семејството, со најблиските.
Забрана за патување во и од Велика Британија поради мутација на Ковид 19, кој се шири побргу. Во земјите членки на ЕУ наскоро ќе почне вакцинирање со вакцината на Фајзер и Бајонтех. Во САД, одобрен тест на Ковид 19 во домашни услови.
Како што некои земји започнаа да ги пуштаат во употреба вакцините против ковид 19, здравствените власти се загрижени дека неоснованите теории на заговор и анти-ваксерските кампањи на интернет можат да ги поткопаат напорите за вакцинација на популацијата против коронавирусот.
По Велика Британија, вакцината на Фајзер и Бајонтех, ја добија и САД и Канада, но засега само за приоритетните, - медицинарите во првите редови и старите. Масовно вакцинирење на сите, во текот на целата наредната година.
Европската Унија одобри нова легислатива, според која, оние што ги кршат човековите права ќе се соочат со забрана за патување и замрзнати сметки. Така-наречениот Магнитски закон ќе ги таргетира инволвираните во геноцид, тортура и незаконски апсења.
Во Русија почна масовното вакцинирање против коронавирус, а во Велика Британија стигна вакцината на Фајзер и Бионтех, одобрена од тамошните надлежни. Во меѓувреме, светот се подготвува и за прослава на Божиќ и Нова година, во услови на пандемија.
Во медиумите владее голема врева за можноста американскиот претседател Доналд Трамп пред да му истече мандатот на 20 јануари да ги искористи своите широки овластувања за издавање претседателски помилувања за себе, семејството и соработниците за кривични дела за кои допрва ќе бидат обвинети.
Со звуците на сирените за тревожење и транспарент „Оставка на Заев, слободна на народот“, неколку стотини граѓани во организација на ВМРО ДПМНЕ, денеска протестираа пред владата, против како што велат, продажбата на историјата од страна на премиерот Зоран Заев.
Светската здравствена организација препорачува продолжување на рестриктивните мерки и во државите во кои има намалување на новоинфицирани од коронавирус. Пандемијата сеуште не е совладана. Нов здравствен ризик е физичката неактивност. Проблем е и зголеменото семејно насилство.
Македонските граѓани засега не се доминантно евро-скептици и покрај ветото од Бугарија за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Избраниот американски претседател Џо Бајден го назначи Антонио Блинкен за иден државен секретар.
Рестриктивните мерки во повеќе земји во Европа придонесоа бројот на инфицирани од Ковид 19 да се намалува. Но, економските последици стануваат се потешки, особено за земјите во развој, на кои им се заканува финансиски колапс и сиромаштија, предупредија Обединетите Нации.
Вчитај повеќе