Православните христијани во Црна Гора го слават Божиќ во клима на поделба и напнатост по неодамнешното усвојување на контроверзниот закон за верска слобода. Овој закон ги влоши односите на црногорската држава со Српската православна црква која е доминантна во таа земја.
Привремениот премиер на Шпанија Педро Санчес во неделата не успеа во првата од двете шанси да го добие одобрувањето на шпанскиот парламент за формирање владина коалиција. Лидерот на социјалистите ќе има втора можност во вторник, кога прагот за успех е помал.
Влијателниот ирански командант Касем Солејмани бил убиен денеска во американски напад врз меѓународниот аеродром во Багдад, потврдија и Иран и Соединетите држави. Ова, според оценките, претставува драматична ескалација на тензиите меѓу двете земји.
Снегот, силниот ветар и студените ноќи што деновиве ја зафатија Грција им го отежнаа животот на мигрантите и бегалците кои се сместени во кампот во Малакаса, на 35 километри од Атина. Некои од нив поради здравствени проблеми мораа да го напуштат кампот.
Казахстански авион со 95 патници и пет членови на екипажот се урна во близина на аеродромот во Алма Ата. Локалните медиуми јавуваат дека имало преживеани, додека повеќе од десетина патници загинале. Дваесетина други биле хоспитализирани во тешка здравствена состојба.
Бранот масовни протести и натаму го потресува Ирак. Но тоа придонесе и за почести терористички напади во повеќе делови од земјата, велат ирачките власти.
Европската унија и натаму бара решение за мигрантите кои остануваат заглавени во камповите во грчките острови.
Европската унија инвестира повеќе од 80 милиони евра за подобрување на квалитетот на воздухот во Косово, чиј главен град на Приштина се гуши од загадување од електраните на јаглен, од греењето на јаглен и дрва и од старите возила.
Конзервативниот претседател на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ тесно влезе во вториот круг од изборите против левичарскиот поранешен премиер Зоран Милановиќ
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа импичмент за претседателот Доналд Трамп, а процесот продолжува во Сенатот.
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска ќе расправа, а потоа и ќе гласа за двете обвинувања против Трамп
Во Конгресот продолжува аргументацијата за импичментот на претседателот Доналд Трамп. Пред клучното гласање за тоа во Претставничкиот дом, демократите во Сенатот побараа сослушување на четворица сегашни и поранешни советници на Трамп во врска со обвинувањата за злоупотреба на функцијата.
Вчитај повеќе