Американскиот државен секретар Мајк Помпео оцени дека притисокот врз Иран дава резултати и оти Вашингтон нема да се двоуми во своите постапки доколку Иран ги ексалира своите акции во регионот и пошироко.
Во бугарскиот град Перник деновиве протестираа граѓаните поради сериозниот недостиг на вода за пиење со што веќе два месеца се соочуваат скоро 100.000 луѓе. Некои од демонстрантите велат дека и кризата со водата е поради тоа што во земјата нема правда.
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека НАТО треба да се прошири со земји од Блискиот исток. Тој дури предложи ново име: „НАТОМИ“ што е кратенка од НАТО-Блиски исток.
Шест месеци по доаѓањето на власт Киријакос Мицотакис како грчки премиер е во прва посета на Вашингтон каде што веќе разговараше со претседателот Доналд Трамп.
Украински авион со 167 патници и девет членови на екипажот се урна во средата во близина на аеродромот „Имам Хомеини“ во иранскиот главен град Техеран, јави државната телевизија, наведувајќи дека немало преживеани.
Православните христијани во Црна Гора го слават Божиќ во клима на поделба и напнатост по неодамнешното усвојување на контроверзниот закон за верска слобода. Овој закон ги влоши односите на црногорската држава со Српската православна црква која е доминантна во таа земја.
Привремениот премиер на Шпанија Педро Санчес во неделата не успеа во првата од двете шанси да го добие одобрувањето на шпанскиот парламент за формирање владина коалиција. Лидерот на социјалистите ќе има втора можност во вторник, кога прагот за успех е помал.
Влијателниот ирански командант Касем Солејмани бил убиен денеска во американски напад врз меѓународниот аеродром во Багдад, потврдија и Иран и Соединетите држави. Ова, според оценките, претставува драматична ескалација на тензиите меѓу двете земји.
Снегот, силниот ветар и студените ноќи што деновиве ја зафатија Грција им го отежнаа животот на мигрантите и бегалците кои се сместени во кампот во Малакаса, на 35 километри од Атина. Некои од нив поради здравствени проблеми мораа да го напуштат кампот.
Казахстански авион со 95 патници и пет членови на екипажот се урна во близина на аеродромот во Алма Ата. Локалните медиуми јавуваат дека имало преживеани, додека повеќе од десетина патници загинале. Дваесетина други биле хоспитализирани во тешка здравствена состојба.
Бранот масовни протести и натаму го потресува Ирак. Но тоа придонесе и за почести терористички напади во повеќе делови од земјата, велат ирачките власти.
Европската унија и натаму бара решение за мигрантите кои остануваат заглавени во камповите во грчките острови.
Вчитај повеќе