Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси изјави дека се согласува со претседателот на Комитетот за правосудство Џери Надлер, дека Соединетите држави се во „уставна криза“.
69-годишнината на ЕУ, во Македонија беше одбележана со традиционалниот ЕУ-појадок на кој евроамбасадорот Самуел Жбогар повика на единство за европска иднина на Северна Македонија, а претседателот Стево Пендаровски го честиташе Денот на Европа со желба дека во јуни ќе стасаат добри вести од Брисел.
Соединетите држави го зголемија притисокот врз Иран со воведување санкции за иранската метална индустрија. До ова дојде откако Техеран соопшти дека суспендира некои свои обврски од нуклеарниот договор со светските сили постигнат во 2015 година.
Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциск по завршувањето на тридневната посета на Бугарија и на Северна Македонија изјави дека најмногу го импресионирале калуѓерките на Мајка Тереза во Скопје.
Соживотот во Северна Mакедонија е пример во Европа, им порача папата Франциск на политичарите во земјава. Тој денеска пред илјадници верници на Плоштадот „Македонија“ одржа Света Литургија каде истакна дека како човештво се заситивме од поврзување и оти сме го загубивме вкусот на братството.
Република Северна Македонија е мост меѓу Истокот и Западот и место каде се среќаваат голем број културни струи, и претставува олицетворение на карактеристиките на регионот, истакна папата Франциск во обраќањето пред државниот врв и дипломатскиот кор во „Вила Водно“.
Главната опозициска партија во Турција, Републиканската народна партија оцени дека е „обична диктатура“ одлуката за повторување на локалните избори во Истанбул. Претходно, Врховниот изборен совет ги поништи резултатите од изборите кои му нанесоа болен пораз за претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Прозападниот кандидат Стево Пендаровски победи во вториот круг од претседателските избори по кампањата во која доминираа поделби околу промената на името, јавуваат светски новински агенции, оценувајќи дека тоа е своевидна победа и за политиките на владејачката коалиција.
Втор круг од претседателските избори. Во првите часови од оторањето на гласачките места, гласањето се одвива без проблеми.
Четворицата водечки кандидати за врвната функција во Европската унија ја истакнаа својата визија за иднината на блокот за време на јавната дебата во Фиренца.
На еден ден по празнувањето на Први мај, на брегот по течението на Река Треска има пластични ќеси обесени на дрвјата, оставени се пластични чинии, чаши, шишиња, влажни марамчиња па дури и пелени.
Со својот кредибилитет под прашање, американскиот јавен обвинител Вилијам Бар енергично го бранеше во Конгресот неговото контроверзно постапување со извештајот на специјалниот советник Роберт Мулер. Но, веднаш потоа тој реши да не се појави на денешното сведочење пред Комитетот за правосудство.
Вчитај повеќе