Шефот на конзервативната Европска народна партија во Европскиот парламент и кандидат за претседател на Европската комисија, германецот Манфред Вебер, го обвини грчкиот премиер Алексис Ципрас за поддршка на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Голем и клучен чекор на идната Северна Македонија во нејзините напори да стане членка на НАТО.
Во медиа центарот во Владата на голем видео бим опкружен со знамињата на Македонија, НАТО и ЕУ со внимание се следеше потпишувањето на протоколот за членство на Македонија во НАТО. Присуствуваа владини преставници, преставник на Алијансата и новинари.
Американскиот претседател Доналд Трамп во неговото второ обраќање за состојбата на нацијата во Конгресот повика на двопартиско единство и соработка.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Конгресот треба да го одржи неговиот втор говор за состојбата на нацијата. Се очекува тој да се фокусира врз имиграцијата, конфликтите на Блискиот Исток и силната американска економија.
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата рече дека воената интервенција во Венецуела е „опција“, како што западните земји го зголемуваат притисокот врз оспорениот социјалистички лидер Николас Мадуро да се повлече.
Британија, Франција и Германија стартуваа трговски механизам за заобиколување на американските санкции против Иран. Потегот беше пофален од Техеран, но критикуван од Вашингтон.
Генералниот секретар на НАТО ја повика Русија да го почитува ракетниот договор од времето на Студената војна. Според него, руските проектили биле нуклеарни и можат да стигнат до европските градови.
Британската премиерка Тереза Меј доби неколку недели за да го спаси договорот за Брегзитот. Но, по се изгледа, ќе се судри со Европската унија, откако вети дека ќе го преиспита сегашниот договорот за кој преговараше година и пол.
Вицепремиерот Бујар Османи денеска рече дека „апсолутно немало никаква злоупотреба“ на пари од Фондот за пензиско, но министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека е јасно оти злоупотреба имало и таа мора да се истражи.
Неколку часа откако Белата куќа објави санкции врз нафтената компанија „Петролос де Венецуела“, оспорениот претседател Николас Мадуро на државната телевизија го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе има „крв на рацете“ за насилството во неговата земја.
Околу 250 демонстранти синоќа протестираа во Солун против ратификацијата на Спогодбата од Преспа со која се решава повеќедеценискиот спор околу името меѓу Грција и Македонија и се нормализираат односите меѓу двете земји.
Вчитај повеќе