Американскиот претседателот Доналд Трамп на самитот на НАТО во Лондон има набиена агенда на билатерални средби и состаноци, но се чини дека неговиот фокус останува во Вашингтон каде што се соочува со истрага за отповикување.
Високо профилниот корупциски предмет Рекет ги стави на различни страни некогашните колешки. Како гонител на обвинителската клупа – шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска додека на обвинителното столче седна поранешната шефица на Специјалното обвинителство Катица Јанева.
Лидерите на НАТО се собраа денеска во Лондон за да ја одбележат 70-годишнината од основањето на алијансата. Но, како што известува Хенри Ридвел, растечките тензии меѓу членовите би можеле да ја засени прославата на годишнината.
Европската унија од вчера има ново раководство. Луѓето на четирите позиции на врвот го почнаа мандатот со многу оптимизам за иднината на Европската унија.
Францускиот претседател Емануел Макрон се заложи да го предводи од него предложениот дијалог меѓу НАТО и Русија.
Над 2.000 луѓе во Драч ја минаа нивната втора ноќ во шатори откако им беа уништени домовите од силниот земјотрес во вторникот. Тие исто така страхуваат од нов поголем земјотрес со оглед на тоа што досега беа регистрирани стотици помали.
Спасувачките екипи ја продолжуваат борбата во излекувањето на евентуално преживеани под урнатините на зградите, урнати во најсилниот земјотрес што ја погоди Албанија во изминативе неколку децении. Во земјотресот загинаа над 20 луѓе, додека околу 600 се повредени.
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас изјави дека Грција го поддржува влезот на Северна Македонија и на другите земји од Западен Балкан во ЕУ. Дендиас вели дека ставот на актуелната грчка Влада е оти Преспанскиот договор е завршена работа и треба целосно да се импементира
Земјотрес со сила од 6,4 степени ја погоди Албанија изутрината нешто пред 4 часот. Стотина лица биле повредени, а властите јавуваат и за загинати.
Актуелниот претседател Клаус Јоханис, според првичните резултати, победи во вториот круг од претседателските избори во Романија. Неговата победа, велат посматрачите, е потврда на проевропската траекторија на оваа членка на ЕУ.
Во Босна и Херцеговина и натаму преку разни шверцерски канали пристигнуваат многу мигранти и бегалци. Граничната полиција мака мачи да ги одвтрати, но како што велат од таму, тоа се помалку им успева. Граѓаните пак, почнаа да се плашат за нивната безбедност.
Соединетите држави го поддржаа правото на Израел да гради еврејски населби на окупираниот Западен Брег напуштајќи ја својата четиридецениска позиција дека тие биле „во спротивност со меѓународното право“.
Вчитај повеќе