Парламентот на Република Српска го прифати барањето на лидерот на босанските Срби Милорад Додик да се отповика владиниот извештај со кој се потврдува масакрот на повеќе од 8.000 босански муслимани во Сребреница во 1995 година. Тоа може да предизвика нови тензии во Босна и Херцеговина.
Претседателите на Србија и Косово Александар Вучиќ и Хашим Тачи изјавија дека би можело да се разгледа прашањето за менување на заедничката граница како решение на долгогодишниот проблем. Некои локални жители пак се загрижени дека тоа всушност би можело да ги влоши етнички тензии.
Падот на вредноста на турската лира што произлезе главно поради спорот меѓу Турција и Соединетите држави веќе почна да влијае врз животот на турските граѓани. Турската лира деновиве доживеа рекордно ниско ниво.
Во фокусот на панелот на тема „Патот до Брисел преку Охрид“, по повод одбележувањето 17 години од потпишувањето на рамковниот договор беше претстојниот референдум и колку тој е значаен за иднината на Македонија. Според учесниците, референдумот претставува заокружување на процесот кој бил започнат со
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги предупреди бизнисмените дека ќе преземе драстични мерки ако нивните компании ги повлечат странските валути од банките во екот на кризата предизвикана од падот на турската лира.
Рубљата падна на најниско ниво во изминативе две години, откако САД најавија уште една рунда санкции против Русија. Но, Кремљ вели дека нејзиниот финансиски систем е стабилен, а санкциите немале јасни политички ефекти во Москва.
Командантот на силите на НАТО во Европа, Куртис Скапароти, кој е во посета на Македонија, изјави дека со нетрпение очекува земјава да стане 30 членка на НАТО. Тој изрази задоволство од тоа што АРМ ги следи стандардите на НАТО.
Претседателите на Србија и на Косово деновиве навестија како би се одвивале нивните разговори со цел долгорочно решение на спорот што им го попречува патот на двете земји кон Европа.
Научна студија објавена деновиве предупредува дека целта која треба да се постигне за запирање на глобалното затоплување, зацртана со Парискиот климатски договор од 2015 година, нема да може да го запре домино ефектот. Тоа ќе води до катастрофални сценарија на Земјата.
Пред една деценија избувна војна меѓу Русија и Грузија во сепаратистичките региони Јужна Осетија и Абхазија, при што секоја страна ја обвинуваше другата за започнување на непријателствата. Кратката војна однесе стотина животи, а десетици илјади луѓе ги напуштија нивните домови.
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата призна дека неговиот син се сретнал со Руси во 2016 година во Трамп кулата за да добие информации за неговиот противкандидат Хилари Клинтон. Според Трамп, станува збор за „целосно легална практика која се прави постојано во политиката“.
Русија и натаму се обидува да ги ослаби и подели Соединетите држави и да се меша во американскиот изборен процес, оценија првите луѓе на американските разузнавачки агенции.
Вчитај повеќе