Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на митингот пред Владата рече дека нема да поддржат промена на Уставот заради промена на уставното име. Тој ја критикуваше власта поради лошата економија, образование, здравство, иселување на младите и побара предвремени парламентарни избори.