Реџеп Таип Ердоган и неговата владејачка Партија на правдата и развојот победија на претседателските и на парламентарните избори што вчера се одржаа во Турција. Тоа беше нивниот најголем изборен предизвик во измината деценија ипол од кога се на власт во таа земја.
Турците на 24 јуни излегуваат на претседателски и парламентарни избори што можат да го зацврстат владеењето на претседателот Реџеп Таип Ердоган во наредните пет години.
Европската унија деновиве го заврши своето децениско спроведување на законот и правдата на Косово, но критичарите велат дека мисијата не успела да го искорени криминалот и корупцијата во таа земја.
Со аплауз и честитки беше прославено денешното ратификување на договорот за името со Грција. Во отуство на опозицијата, за договорот едногласно гласаа „за“ 69 пратеници.
Грчкото Министерство за миграциона политика реши повторно да отвори четири кампови за сместување на зголемениот број бегалци и мигранти кои преку Грција сакаат да влезат во земјите од Западна Европа. Сега по нова миграциска рута, преку Албанија и Босна и Херцеговина.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров побара ратификацијата на договорот за името да биде во скратена постапка за да се стигне до самитот на ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата и обвини за предавство и кршење на процедурата. Пред Собранието демонстрантите го запалија договорот со Грција.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли критиките за неговата имигрантска политика на „нулта толеранција“ поради која на границата со Мексико има раздвоени деца од нивните родители.
Потпишаниот историски договор за ставање крај на спорот меѓу Атина и Скопје околу името Македонија ги налути националистите од двете страни, јавуваат светските новински агенции, за синоќешните протести во Скопје, но и за протестите во Грција.
Македонско - грчкиот договор за името е потпишан, но долг е патот до неговата реализација. И додека договорот наидува на широка меѓународна подршка опозицијата во Македонија и Грција протестира.
Грчкиот парламент се очекува расправата за недоверба на владата, побарана од опозициската Нова демократија која се противи на договорот со Македонија за решавање на спорот со името, да ја заврши в сабота.
Светот од денеска до 15 јули ќе биде зафатен од фудбалска треска. Започнува 21 Мундијал. Првиот натпревар е во 17 часот на стадионот Лужники во Москва меѓу репрезентациите на домаќинот Русија и Саудиска Арабија, а половина час претходно е свечената церемонија на отворањето на шампионатот.
Грчките граѓани, дел од владата и опозицијата остануваат на мислењето дека не треба да има Македонија во името на нивниот северен сосед.
Вчитај повеќе