Министерот за надворешни работи Никола Димитров побара ратификацијата на договорот за името да биде во скратена постапка за да се стигне до самитот на ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата и обвини за предавство и кршење на процедурата. Пред Собранието демонстрантите го запалија договорот со Грција.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли критиките за неговата имигрантска политика на „нулта толеранција“ поради која на границата со Мексико има раздвоени деца од нивните родители.
Потпишаниот историски договор за ставање крај на спорот меѓу Атина и Скопје околу името Македонија ги налути националистите од двете страни, јавуваат светските новински агенции, за синоќешните протести во Скопје, но и за протестите во Грција.
Македонско - грчкиот договор за името е потпишан, но долг е патот до неговата реализација. И додека договорот наидува на широка меѓународна подршка опозицијата во Македонија и Грција протестира.
Грчкиот парламент се очекува расправата за недоверба на владата, побарана од опозициската Нова демократија која се противи на договорот со Македонија за решавање на спорот со името, да ја заврши в сабота.
Светот од денеска до 15 јули ќе биде зафатен од фудбалска треска. Започнува 21 Мундијал. Првиот натпревар е во 17 часот на стадионот Лужники во Москва меѓу репрезентациите на домаќинот Русија и Саудиска Арабија, а половина час претходно е свечената церемонија на отворањето на шампионатот.
Грчките граѓани, дел од владата и опозицијата остануваат на мислењето дека не треба да има Македонија во името на нивниот северен сосед.
Договорот, како што рече премиерот, предвидува потврда на македонскиот јазик во Обединетите нации, кој ќе биде наведен како македонски без фусноти, а дека националноста е македонска/ граѓани на Република Северна Македонија.
Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џон Ун, на крајот од самитот во Сингапур потпишаа документ со кој е предвидено заедничко дејствување за денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Набргу треба да има продолжување на преговорите.
Најдобриот чекор по планот 3-6-9 е почнување преговори и отворање на поглавјата 23 и 24, но за да нема прекин во реформите го носиме планот 18, вели вицепремиерот Бујар Османи.
Грчки и италијански воени авиони започнаа да патролираат во воздушниот простор на Црна Гора, најмладата членка на НАТО, бидејќи таа нема сопствени.
Десетици илјади луѓе протестираа синоќа во повеќе градови во северна Грција против евентуалниот компромис за името на Република Македонија меѓу владите на Атина и на Скопје.
Вчитај повеќе