Грчкиот парламент се очекува расправата за недоверба на владата, побарана од опозициската Нова демократија која се противи на договорот со Македонија за решавање на спорот со името, да ја заврши в сабота.
Светот од денеска до 15 јули ќе биде зафатен од фудбалска треска. Започнува 21 Мундијал. Првиот натпревар е во 17 часот на стадионот Лужники во Москва меѓу репрезентациите на домаќинот Русија и Саудиска Арабија, а половина час претходно е свечената церемонија на отворањето на шампионатот.
Грчките граѓани, дел од владата и опозицијата остануваат на мислењето дека не треба да има Македонија во името на нивниот северен сосед.
Договорот, како што рече премиерот, предвидува потврда на македонскиот јазик во Обединетите нации, кој ќе биде наведен како македонски без фусноти, а дека националноста е македонска/ граѓани на Република Северна Македонија.
Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џон Ун, на крајот од самитот во Сингапур потпишаа документ со кој е предвидено заедничко дејствување за денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Набргу треба да има продолжување на преговорите.
Најдобриот чекор по планот 3-6-9 е почнување преговори и отворање на поглавјата 23 и 24, но за да нема прекин во реформите го носиме планот 18, вели вицепремиерот Бујар Османи.
Грчки и италијански воени авиони започнаа да патролираат во воздушниот простор на Црна Гора, најмладата членка на НАТО, бидејќи таа нема сопствени.
Десетици илјади луѓе протестираа синоќа во повеќе градови во северна Грција против евентуалниот компромис за името на Република Македонија меѓу владите на Атина и на Скопје.
Русија не може да му парира на Западот на економски план во Западен Балкан и затоа со специфични инструменти делува на три полиња во регионот за да го запре ширењето на двата западни сојузи, е заклучокот од најновиот извештај на на Европскиот совет за надворешни работи.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на митингот пред Владата рече дека нема да поддржат промена на Уставот заради промена на уставното име. Тој ја критикуваше власта поради лошата економија, образование, здравство, иселување на младите и побара предвремени парламентарни избори.
Со главно анти-имигрантска реторика, Словенечката демократска партија на Јанез Јанша, е главен фаворит на парламентарните избори во Словенија, што ќе се одржат во недела, на 3-ти јуни.
Премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција по повод една година Влада, рече дека се уште ништо не е договорено во врска со „новото име на Македонија“. За објавената временска рамка за реализација на договорот тој рече дека чекорите не се тајна, туку биле тема и на лидерската средба.
Вчитај повеќе