Иран и другите потписнички на нуклеарната спогодба оценија дека новите услови што Вашингтон му ги постави на Техеран нема да донесат поголема безбедност во регионот. Претходно американскиот државен секретар Мајк Помпео најави најстроги санкции врз иранскиот режим.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на митингот во Сараево ги искритикува европските земји, кои одбија да му дозволат да одржи предизборни предизборни собири на нивната територија.
Република Илинденска Македонија на македонски, Republic of Ilinden Macedonia на англиски и Republika Ilindenase e Maqedonisë на албански е предлогот за кој што го информирав државниот врв, изјави премиерот Зоран Заев. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски не профаќа промена на Уставот
Соединетите држави и Европската унија ја заострија реторика во врска со меѓусебните трговски односи, откако претседателот Доналд Трамп најави царини за еврпските производи. Брисел вели дека е подготвен на нови преговори, но не во услови на закани од Трамп.
Знам дека Македонија и Грција се посветени на изнаоѓање на решение за името, а тоа бара политичка храброст и волја за тешки одлуки“, изјави британската премиерка Тереза Меј на прес конференцијата по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев.
Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, на прес конференција во Софија изјави дека со грчкиот колега прифатиле една опција за решение на спорот со името. Сега треба да биде проверено во институциите на двете земји дали таа опција може да биде спроведена.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган ја води Турција во бездна, оценува неговиот главен ривал на претстојните претседателски избори Мухарем Инче. Според него, тоа го покажува и сегашниот рекорден пад на вредноста на лирата.
Северна Кореја ја доведе под прашалник најавената историска средба меѓу нејзиниот лидер Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп закажана за 12 јуни во Сингапур. Северна Кореја не сака Вашингтон да инсистира на целосно напуштање на нејзината програма за нуклеарно оружје.
Претседателот Доналд Трамп и неговите соработници го поздравија отворањето на новата американска амбасада во Ерусалим како „голем ден“, став што го разлути арапскиот свет и поттикна смртоносни протести долж израелско-палестинската граница.
Одлуката за преместување на американската амбасада во Изреал од Тел Авив во Ерусалим, предизвика задоволство во Израел, но и бес кај Палестинците, дел од американските сојузници и пошироката меѓународна заедница.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе се состане со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за историски самит на 12 јуни во Сингапур, каде што ќе се обиде да го убеди да се откаже од нуклеарното оружје.
Одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги повлече Соединетите држави од нуклеарниот договор со Иран ги зголеми тензиите на Блискиот Исток, каде што се интензивираа ракетните напади меѓу иранските сили во Сирија и израелската војска.
Вчитај повеќе