Жени и поддржувачи на женските права денеска маршираа. Целта беше да се потсети дека жените имаат моќ да креираат општествена промена и да се изборат за женските права. Маршот го организираше „Реактор истражување во акција“.
Гласајте или ќе најдете геј во креветот. Тоа е пораката на виралното видео кое ги повикува луѓето да гласаат на претседателските избори во Русија. Претходно опозицијата ги повика луѓето да останат дома на денот на гласањето.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имало мешање од Русија и, веројатно, од други земји на изборите во 2016 година.
Поранешен руски шпион се наоѓал во критична состојба откако дошол во контакт со „непозната супстанца“ во Салсбери, јавија британските медиуми, наведувајќи дека станува збор за Сергеј Скрипал кој во 2006 година беше осуден на 13 години затвор за шпионажа за британската агенција МИ6.
Италијанските избирачи, според неофицијалните резултати од вчерашните избори, изгласаа парламент во кој рекорден број места добија популистичките и екстремно десничарските партии.
Неколку илјади граѓани излегоа на протест против промена на името на плоштадот Македонија во Скопје. Дијаспората истовремено одржува протести во 14 градови во светот.
Официјален Вашингтон ја обвини Русија за развивање дестабилизирачко нуклеарно оружје, спротивно на обврските од договорот. До ова доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин одржа говор на кој претстави нов спектар нуклеарно оружје.
Уште еден близок и соработник на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе оставка. Станува збор за Хоуп која беше со Трамп уште од почетокот на неговата претседателска кампања.
Илјадници луѓе учествуваа на синоќешните демонстрации во Атина, организирани од грчката Комунистичка партија. На протестот е побарано итно решавање на регионалните проблеми.
Со национални и верски обележја, знамиња и транспаренти за јазикот, идентитетот и нацијата, неколку илјади граѓани по снежното време вечерва излегоа на протест против промена на името, зашто, велат, промена на името значи и промена на идентитетот.
Британија се соочува со нова сериозна закана. Станува збор за добро организиран екстремно десничарски тероризам, предупредува британската полиција.
Шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер им порача на сите земјите од Западен Балкан дека 2025 година е датумот кога би можело да пристапат во Европската унија, под услов да работат на исполнување на критериумите за членство.
Вчитај повеќе