Надежите за брзо усвојување на законот за задржување на функционирањето на владата на Соединетите држави исчезнаа откако републиканскиот сенатор Ранд Пол го искористи процедуралното право и го спречи гласањето. Со тоа дојде до привремено затворање на некои служби на американската влада.
Грчкиот парламент ги објави имињата на двајца поранешни премиери меѓу кои и Андонис Самарас и осум екс министри, вклучувајќи го и гувернерот на Централната банка Јанис Стурнарас и еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос.
Ова на прес конференција го изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање на новинар да ја коментира изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас кој побара од Скопје да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име.
Адвокатите на американскиот претседател Доналд Трамп го советувале да не оди на разговор кај Роберт Мулер специјалниот советник кој го истражува можниот заговор меѓу Русија и изборниот штаб на Трамп.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е решен да открие кој ја снабдувал со ракети сириската Курдска милиција, чии припадници во саботата извршиле напад врз турски војници во Африн.
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас е уверен дека до јуни ќе се реши прашањето за името. Тој во интервју за новинската агенција Ројтерс оценува дека тоа е во интерес и на Грција и на регионот.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров по средбата со медијаторот на ОН Метју Нимиц во Скопје порача дека Македонија за идентитетот нема да преговара. Нимиц изјави дека за такво нешто од грчката страна не станало збор
Директорите на трите главни руски разузнавачки и шпионски агенции во изминативе денови престојувале во Вашингтон. Ова, според посматрачите, е многу неввобичаено со оглед на зголемените американско руски тензии.
Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето на заедничката седница на двата дома на Конгресот оцени дека состојбата на унијата е силна. Тој исто така изјави дека Кина и Русија се ривалски земји на кои Америка мора да им се спротивстави со „неспоредлива сила“.
Министерството за финансии на Соединетите држави ја објави долгоочекувана листа руски државјани кои имаат тесни врски со претседателот Владимир Путин. Станува збор за потенцијални цели за идните санкции на Соединетите држави врз Русија.
Турската крајбрежна стража го блокираше грчкиот министер за одбрана Панос Каменос да стигне до островот Кардак. Ова го соопшти турското Министерство за внатрешни работи додека тензиите меѓу двата соседа ескалираа во последниве недели.
Чешкиот претседател Милош Земан е во трка за уште пет години во Прашкиот замок. Неговиот противкандидат Јиржи Драгош пред вториот круг избори предупредува дека тој може да ја завлече земјата кон Исток.
Вчитај повеќе