Непознат човек фрли рачна граната во зградата на американската амбасада во Подгорица, Црна Гора, пред да се разнесе, потврди црногорската влада. Во соопштението се додава дека била во тек истрага.
Во однос на можноста за решавање на спорот за разликите за името меѓу Македонија и Грција Солун се чини поделен. Аналитичарите се оптимисти, политичарите не отстапуваат од своите цврсти позиции, а солунчани излгедаат како најнепопустливи.
Јужните граници на Европската унија ќе останат под многу голем притисок од мигранти кои се обидуваат да стигнат до побогата Европа, соопшти Фронтекс, пограничната агенција на Унијата.
Во интензивните напади на силите на сириската влада и нејзините сојузници во источниот дел на Гута кој е под контрола на бунтовниците загинаа стотина луѓе. Обединетите нации апелираат на прекин на нападите.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан повика на глобален сојуз против миграцијата. Неговиот говор за состојбата на нацијата, според аналитичарите, е почеток на изборната кампања на неговата десничарска популистичка партија Фидес.
Од третирањето на заедничкото минато зависи европската перспектива на Македонија. Бугарија не прифаќа географска одредница на името која опфаќа делови од нејзината територија, порача бугарскиот претседател Румен Радев, кој е во официјална посета на Македонија.
На 17 февруари 2008 година, Косово еднострано прогласи независност од Србија. Оттогаш, новата земја се бореше да изгради силни институции, додека слабата економија предизвика десетици илјади луѓе да бараат работа во странство.
Американските власти соопштија дека 19 годишен поранешен ученик застрелал и убил 17 ученици и возрасни во средно училиште во државата Флорида. Тој и се предал на полицијата без отпор.
Израелската полиција препорача покренување обвинување против премиерот Бенјамин Нетанјаху за два случаја на поткуп. Тој, оценувајќи ги наводите за неосновани, најави дека ќе остане на функцијата.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас го повика парламентот да ги испита политичарите за кои постои сомневање дека се вмешани во случајот со примање мито од швајцарската компанија за лекови „Новартис“.
Операцијата за пребарување во со снег покриеното подрачје надвор од Москва каде што вчера дојде до авионска несреќа во која загинаа 71 лице, би можело да потрае неколку денови.
Надежите за брзо усвојување на законот за задржување на функционирањето на владата на Соединетите држави исчезнаа откако републиканскиот сенатор Ранд Пол го искористи процедуралното право и го спречи гласањето. Со тоа дојде до привремено затворање на некои служби на американската влада.
Вчитај повеќе