Чешкиот претседател Милош Земан е во трка за уште пет години во Прашкиот замок. Неговиот противкандидат Јиржи Драгош пред вториот круг избори предупредува дека тој може да ја завлече земјата кон Исток.
Грчката опозициска партија „Нова демократија“ по средбата на премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос соопшти дека неопходни предуслови за постигнување решение за спорот со името е промена на Уставот и елиминација на иредентистичките позиции на северниот сосед.
Директорот на ЦИА Мајк Помпео изјави дека рускиот претседател Владимир Путин секој ден се буди со една мисла: „да ја врати славата на поренешниот Советски сојуз. Според Помпео, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пак, сакал власт врз двете Кореи.
Швајцарскиот скијачко туристичко градче Давос е под дебела снежна покривка на стартот на годинашниот Светски економски форум. И покрај тоа таму веќе почна да пристигнува светската политичка, бизнис и естрадна елита која четири денови ќе разговара за светските предизвици.
Германските социјалдемократи гласаа за започнување формални коалициски разговори со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел. Со тоа најголемата економската сила на Европа е на чекор поблиску до стабилна влада по неколкумесечни политички ќор-сокак.
На 20 јануари завршува првата годишнина на Доналд Трамп како претседател на САД. Година која беше одбележана со зголемени тензии со Северна Кореја, повлекување на САД од Парискиот климатски договор и сомнежи за наводното руско влијание врз американските претседателски избори.
Пријателски гестови, но и конкретна порака дека без решение за името Македонија не може да влезе во НАТО испрати генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека Русија ги крши санкциите и и помага на Северна Кореја. Според него, Пјонгјанг со секој ден е се поблиску до ракети со голем дострел кои можат да стигнат до САД.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека убиството на српскиот политички лидер на северот на Косово Оливер Ивновиќ било резултат на нелегално мешање што доаѓа надвор од Косово.
Демонстранти се судрија со полицијата пред грчкиот парламент во кој пратениците гласаа за одобрување на нови строги мерки на штедење. Демонстрантите ја прскаа полиција со црвена боја.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека Израел го завршил мировниот договор потпишан во Осло во 1993 година со кој се гарантира палестинска самоуправа. Тој притоа изјави дека не прифаќа американско посредување во разговорите со Израeл.
Чесите денеска и утре гласаат во првиот круг од претседателските избори: Според анкетите на јавното мислење, фаворит е актуелниот шеф на државата Милош Земан
Вчитај повеќе