Во синоќешниот пожар во една станбена зграда во округот Бронкс во Њујорк загинаа најмалку 12 лица, вклучувајќи и едно новороденче.
Украина и проруските сепаратистички бунтовници спроведоа најголема размена на затвореници од почетокот на конфликтот во 2014 година. Стотици заробеници пристигнаа дома кај нивните семејства во пресрет на Новогодишните празници и православниот Божиќ.
Околу 150 емигранти поставија импровизиран камп од шатори во таканаречена ничија земја помеѓу Србија и Хрватска. Тиа бараат да преминат во Хрватска и понатаму кон други земји на Европската унија.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во своето годишно обраќање во Собранието зборуваше за политичката криза во земјата, случувањата од 27 април, за неопходните реформи, геополитичките случувања, состојбата во медиумите, законот за јазиците и за други прашања.
Во новоотворената Црква Свети Ѓорѓи во ирачкиот град Телескоф, христијаните ги прославија своите божиќни традиции за првпат по три години. Овој град беше под милитантите на Исламската држава кои насилно ја расселија тамошната христијанска заедница.
Папата Франциско во неговата Божиќна порака упати силна порака во одбрана на мигрантите. Тој оцени дека верата бара да се прифаќаат странци.
Христијан Мицкоски, кој денеска на Конгресот на ВМРО ДПМНЕ во Валандово беш избран за претседател на партијата, рече дека ќе докаже оти не е нечија марионета
Судењето на предметот „Таргет-Тврдина“ денеска беше одложено. На заминување од судот, екс директорот на УБК и обвинет Сашо Мијалков изјави дека немало законски услови за одржување на расправата. Додаде дека се уште е рано да зборува за доказите кои преку адвокатите ги доставил во своја одбрана.
Партиите кои се за независност на Каталонија, врз основа на скоро сите пребројани гласови од вчерашните избори, добија мнозинство во парламентот на тој шпански регион кој има 135 пратенички места.
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе им ја укине помошта на земјите ако гласаат за резолуцијата на Обединетите нации во која се осудува неговото признавање на Ерусалим како главен град на Израел. Резолуцијата е на дневен ред на денешното Генерално собрание на ОН.
Грчките законодавци синоќа со мнозинство гласови го одобрија буџетот на земјата за 2018 година. Владата вели дека тој ќе биде последен со услови од меѓународните доверители за финансиска помош на земјата. Овие услови ја држеа Грција во состојба на строго штедење скоро осум години.
СЈО отвори седум нови истраги со кодни имиња „Странски служби“, „Друмарина“, „Рентген“, „Продуцент“, „Лидери“, „Тарифа“ и „Транспортер 2“. Осомничени се 17 лица, меѓу кои поранешни министри и пратеници.
Вчитај повеќе