Партиите кои се за независност на Каталонија, врз основа на скоро сите пребројани гласови од вчерашните избори, добија мнозинство во парламентот на тој шпански регион кој има 135 пратенички места.
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе им ја укине помошта на земјите ако гласаат за резолуцијата на ОН во која се осудува неговото признавање на Ерусалим како главен град на Израел.
Грчките законодавци синоќа со мнозинство гласови го одобрија буџетот на земјата за 2018 година.
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот објави нова стратегија за национална безбедност, нагласувајќи ја пораката „Америка на прво место“.
Претседателот Доналд Трамп денеска ќе ја изложи новата стратегија за национална безбедност на САД, врз основа на неговата политика „Америка на прво место“. Тој, меѓу другото, според извори во Белата куќа, ќе оцени дека Кина е „конкурент“.
Две години откако мигрантската криза ја подели Европската унија, нејзините лидери се уште се обидуваат да ги надминат разликите за тоа како да се справат со ова прашање.
Владата на британската премиерка Тереза Мај претрпе пораз кога пратениците направија промени во нејзиниот план за Брегзитот.
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон понуди почеток на преговори со Северна Кореја без предуслови.
Русија и Турција се на ист став дека одлуката на Соединетите држави за признавање на Ерусалим како главен град на Израел ја дестабилизира ситуацијата на Блискиот Исток.
И додека одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел предизвика нов бран протести на Блискиот Исток, Арапите од Ерусалим велат дека тие не виделе мир откако градот бил окупиран од Израел.
Претседателите на Турција и на Грција Реџеп Таип Ердоган и Прокопис Павлопулос изјавија дека двете земји треба да изградат нова иднина и покрај разликите од минатото, откако посетата на Ердоган на Атина се претвори во размена на обвинувања за голем број историски прашања.
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел би можела да ја загрози улогата на Соединетите Држави како медијатор во регионот, сметаат аналитичарите.
Вчитај повеќе