Американскиот претседател Барак Обама денеска треба да ја обелодени стратегијата на неговата администрација за нуклеарното вооружување. Во документот, според очекувањата на американските медиуми, се наведува дека единствена цел на нуклеарното оружје е да одврати или да одговори на евентуален нуклеарен, а не и конвенционален напад. Во стратегијата се додава дека Соединетите Држави се откажуваат од развивање нов вид нуклеарно оружје.