Речиси половина година по последната лидерска средба Зоран Заев и Христијан Мицкоски вечерва во Собранието сами ќе разговараат за две теми- законот за ЈО и предвремени избори. Од партиите се воздржани за очекувањата од средбата и ги повторуваат нивните досегашни позиции.
Двајца политичари, двајца градоначалници, неколку бизнисмени и Лила Филипоска во изминативе две недели поминаа по неколку часа во обвинителска канцеларија за случајот „Рекет“. Се уште не се знае нивната улога, но затоа шпекулациите се се погласни. Боки13 досега не е повикан на распит.
Селата во тетовско претежно имаат свои водоводи, но различно е секаде во смисла кој и како стопанисува со водата.
Во мај и во јуни годинава странските инвестиции се во минус од 13 милиони евра, односно толку биле повлечени од Македонија. Лани во земјава влегоа рекордни 624 милиони евра странски инвестиции.
Законот за ЈО ќе биде главната тема на утрешната средба меѓу лидерите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Се очекува, според најавите, Мицкоски да го покрене и прашањето за предвремени избори.
Читателите на социјалните мрежи на РСЕ со најмногу коментари за обраќањето на премиерот Зоран Заев на прославата на Денот на независноста. Коментарите се најчесто негативни и проследени со недоличен јазик и клетви.
Додека западнобалканската рана стои отворена, геополитичките фактори од Исток, посебно Русија, можат да додадат сол, и затоа единственото решение е што побрз влез во ЕУ и НАТО, предупредуваат политичките аналитичари.
Македонија денеска одбележува 28 години од својата самостојност.
Остен биенале на цртеж Скопје 2020“, од 3 до 9 септември се одржува во галерија Остен.
Многу луѓе ширум светот сè уште гладуваат. Сепак, на глобално ниво ние сме безгрижни потрошувачи, фрлајќи третина од храната што ја произведуваме на Планетата. Македонија е на врвот на листата според фрлање на храна, во услови кога илјадници граѓани не можат да обезбедат три оброци во денот.
Со проектот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ на Филип Јовановски, добитник на престижната награда - „Златна Трига“ на 14-то Прашко Квардиенале за дизајн во сферата на перформанс, сценографија и театарска архитектура, в петок на 13 септември ќе започне 44 издание на фестивалот МОТ.
Фокус - писмото на Јанева е темпирана бомба. Глобус - планот Б ја зашемети опозицијата Капитал - „Кои се ризиците за македонската економија“
Вчитај повеќе