„Силување на природата“ е насловена заедничката изложба на нашата Шќипе Мехмети и нејзината колешка Сузана Ардо од Велика Британија, што од 27 август до 17 септември ќе се одржи во Галерија 8, во старата Скопска чаршија. Станува збор за проект премиерно претставен во Париз, Франција.
Односите меѓу Македонија и Србија нема да се нарушат поради лажните вести во српските медиуми во врска со случајот „Рекет“, порачаа премиерите Зоран Заев и Ана Брнабиќ во Скопје. Двајцата претходно на Табановце отворија и едношалтерски граничен премин.
За власта нема напредок од средбата на работните групи за статусот на СЈО, додека опозицијата вели дека не ја исклучува можноста да учествува во комисиската расправа и амандмански да го подобри законското решение.
Денеска започнува со работа концептот „One Stop Shop“ на граничниот премин Табановце – Прешево. Со него Македонија и Србија стартуваат заедничка гранично-царинска контрола при што во двете држави ќе се влегува и излегува со само едно запирање.
Партиските работни групи, денеска ќе се обидат уште еднаш да ги доближат ставовите околу владиното предлог-решение за Законот за јавно обвинителство, со кој се решава и иднината на СЈО. Непостигнувањето договор носи тешки последици за правната држава и за почетокот за преговори со ЕУ.
Има, како и секаде, една одредена мала група корумпирани луѓе коишто работат тука и коишто успеваат да „бутнат“ по некој телефон. Ние вршиме редовни контроли и одземаме дел од тие телефони, вели директорот на Истражниот затвор Шутка, Есад Рахиќ,.
Премиерот Зоран Заев најавува тужба за новинарот кој го објавил текстот.
Македонската Влада најавува закони кои ќе овозможат граѓаните да креираат електронски идентитет и со тоа сите услуги кои им се потребни од институциите, да ги добиваат онлјан. Во меѓувреме Естонија цели кон дигитализација на владата за целосно бришење на бирократијата.
Рекетарите ама и рекетираните мора да одговараат, порачува неделникот Капитал. Јанев ја улови „криминалецот“ кој таа лично требаше да го стави зад решетки, пишува Фокус.
Дали има грешни функцонери поврзани со „Рекет“, а и бизнисмени за кои има индиции во јавноста, но и во објавените аудио снимки. Обвинителството засега е фокусирано само на исплатата од бизнисменот Орце Камчев, а упатените велат дека треба да се истражат сите сомнежи.
Нина Ангеловска е предложена за министерка за финансии, а Неџат Мехмедовиќ за заменик во министерството за политички систем. Овие две решенија премиерот Зоран Заев ги најави како предлози со кои се покажува дека младите треба да се борат и образуваат затоа што високите позиции се достапни за сите.
Пензионерите велат дека сакаат повисоки пензии по најавите за зголeмување на платите. Имено имаше ветување за поголема минимална плата за 500 денари. Дел од економистите велат дека евентуалната рецесија во Германија и домашната политичка ситуација може да го отежнат социјаланиот дијалог.
Вчитај повеќе