Срамот, стравот, финансиските причини, недоверба во системот, стравот од последиците, но и неразбирање што всушност им се случува се генерално причините поради кои жените жртви на насилство не одлучуваат да го пријават.
За дел од случаите од висок профил нема правда. Некои избегаа, а некои не го ни видоа затворот од внатре. СЈО ги заврши само тривијалните случаи.
Низ улиците на Скопје можат да се видат сè повеќе граѓани кои возат електрични тротинети. Корисниците велат дека со нив многу полесно се движат низ сообраќајните гужви. Надлежните најавуваат законски мерки за тротинетите наесен, а активистите прашуваат како ќе се третираат батериите кои ги користат.
Францускиот амбасадор Тимоние за РСЕ вели одлуката на Франција во октомври ќе зависи од тоа што дотогаш ќе испорача Владата. Кои се опциите? Дали Северна Македонија ќе се одвои од пакетот со Албанија на патот кон ЕУ?
Речиси сите медиуми пишуваат дека Тамара Тодевска ги изостави Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански при изведувањето на химната на прославата на 4 Јули во Американската амбасада. Таа рече дека згрешила и се извини. Судот пресуди дека Латас е невин во случајот Тревник на СЈО.
Oд 9 до 11 јули, во црквата Света Софија, како предвесник на Охридско лето, се враќа Подиумот на млади чиј идеен творец и организатор е Музичката младина на Македонија.
Сериозноста на проблемот е причина поради која наместо на седница на Комисијата за транспорт, како што беше претходно закажано, пратениците ќе расправаат за безбедноста во патниот и железничкиот сообраќај на пленарна седница.
Со систем од 21 век ќе се следат амбулантните и противпожарните возила од минатиот век, стари и по неколку децении.
Новата поставеност на европските највисоки функции може да се каже дека е во корист на Македонија, бидејќи евроскептичните земји и партии кон проширувањето на Европската унија, не добија свои претставници во телата поврзани со приклучувањето на нови членки, сметаат аналитичари од земјава.
Во периодот од 25 јуни до 5 јули, во Галеријата на Младинскиот културен центар, во рамките на јубилејното 40-то Скопско лето, се одржува изложбата на српскиот уметник Владимир Лалиќ.
Во општините кои ги опфаќа Центарот за развој на североисточен плански регион со домашни средства, но и со странска помош се реализираат низа проекти.
Кога прифаќаме да вршиме одредени функции и да му служиме на народот, тоа не значи дека секој може да биде и боксерска вреќа и кога тоа го заслужува и кога не, рече премиерот Зоран Заев.
Вчитај повеќе