Поранешниот директор на УБК првостепено беше осуден на 3 години затвор во случајот Титаник 2 на СЈО за изборни злоупотреби на локалните избори во 2013 година.
Има четири услови за да се поништи Договорот од Преспа - да има двотретинско и бадентерово мнозинство, согласност од Грција и согласност од меѓународната заедница, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. Други опозиционери пак ветуваат непочтиување на новото име ако бидат избрани.
Во Македонија има многу мал интерес за упис во средните стручни училишта и тоа резултира со недостиг на кадар. Во некои стручни училишта има и паралелки со три ученици. Од металската индустрија посочуваат дека е неопходно да се намали и разликата меѓу знаењето и потребите на пазарот на труд.
По една година од судската постапка за изборните нерегуларности во 2013 година, денеска им беше изречена пресудата на обвинетите Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими, Влатко Сајкоски, Сашо Срцев и Анета Стефанова.
„Течен кристал“ беше насловен авторскиот мултимедијален концерт со кој македонската композиторка Дарија Андовска, во саботата на 2 март, успешно ѝ се претстави на публиката во Малта.
Предлог-законот со кој СЈО станува дел од ОЈО и во иднина нема да може да ги користи прислушуваните разговори на суд се главна тема во речиси сите дневни весници.
Државната комисија за спречување на корупција отвори постапка за именувањата во Армијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Против дваесет и четири декани на факултети, двајца директори и двајца заменици директори на државни институти е покрената прекршочна пријава
За законот за СЈО е потребно двотретинско мнозинство, кое засега не е обезбедено. На барање на ВМРО-ДПМНЕ ќе има лидерска средба. Прашањето мора да се решава на лидерска поради комплексните односи меѓу партиите, но и затоа што СЈО им е „голема болка“ на политичарите, велат познавачите.
Македонија со 26 члена на владиниот кабинет има една од најголемите влади во Европа. СДСМ ветуваше дека ќе го намали бројот на министри на 20, но кога дојде на власт го задржа бројот на министри.
Владата нема јасен план за намалување на загадувањето од електраните на јаглен, велат еко-организации во услови кога се упатуваат повици до ЕУ од земјите кандидатки за членство да побара итно намалување на емисиите од електраните бидејќи, ја загадуваат скоро цела Европа.
„ЖЕНА БОРЕЦ“ е насловена изложбата на беџеви на уметницата Дороти Пачкова што ќе се одржи в петок, на 8 март во 12 часот, во скопскиот парк Жена борец, непосредно пред почетокот на маршот „Среќен ли е 8-ми март?“ Проектот има за цел да ја презентира борбата на жените уметнички за своите права.
Жените се плашат и не одат во одредени делови од Тетово, оти ги сметат за небезбедни. Тие ретко за овие случаи пријавуваат во полиција, оти не им веруваат на институциите или се срамат.
Вчитај повеќе