СДСМ ја потврди кандидатурата на Стево Пендаровски за претседателските избори. Делегатите на партијата на денешниот 23. Конгрес во хотелот Александар Палас со 712 гласови „за“ од вкупно 783, го потврдија изборот на Пендаровски за кандидат за претседател.
СДСМ денеска напладне ќе го одржи 23-от Конгрес, на кој партијата треба да ја верификува претходната одлука на партиските лидери Стево Пендаровски да биде кандидат за претседател на претстојните извори на 21 парил.
Се уште има притисоци, навреди, закани од министри и далеку е од тоа да бидеме задоволни, вели претседателот ЗНМ, Младен Чадиковски.
Приказната за проблемот со бездомните кучиња и искасани луѓе не застарува со години. Дали новото претпријатие „Лајка“, заедно со регистарот на домашни миленици и одговорно сопствеништво ќе понудат излез?
По консултациите прво со партиското раководство во СДСМ, а потоа и со другите коалициони партнери, премиерот Зоран Заев соопшти дека Стево Пендаровски е консензуалниот кандидат за претседател зад кој застанаа 31 партија.
Претседателските избори и спасот на Вељаноски, тест за моќта на Мицкоски, пишува Глобус. Фокус ја истражува бизнис империјата на Заеви, а Капитал објавува интервју со грчкиот министер Папас за бизнис соработката меѓу двете земји.
По повод 8 март - Меѓународниот ден на жената, во Чифте амам, ќе биде поставена тематската изложба „За неа“.
Делегација на Европскиот парламент го оценува напредокот на земјата во европските реформи, како и подготвеноста за можни пристапни преговори. Шефот на делегацијата ги пофали досегашните резултати и порача дека спроведувањето на реформите е најважно за одлуката на Европскиот совет во јуни.
Додека владејачката коалиција денеска треба да го соопшти кандидатот за заеднички претседател, други партии соопштија имиња. Аналитичарите велат дека во трката мала предност дава тоа што некои кандидати започнаа средби. Тие велат најважен ќе биде квалитетот на кандидатите.
Владата е подготвена финансиски да им помогне на медиумите, но оттаму посочуваат дека таква одлука ќе биде донесена само доколку за тоа се согласат новинарските здруженија. Ставот на ЗНМ за ова прашање е дека медиумите треба да добиваат непарична државна помош.
„Музиката во македонскиот игран филм: од ФРОСИНА до ЛАЗАР“ е насловена книгата на д-р Александар Трајковски.
Медиумите јавуваат дека владејачката коалиција договори заеднички кандидат за претседател.
Вчитај повеќе