Кумановски професор по физичко образование работи со деца со посебни потреби на кумановскиот Спортски базен.
Од македонската влада и денеска не откриваат детали за преговорите за името, останувајќи на изјавата на премиерот Зоран Заев дека е прифатлива географска одредница.
По објавувањето на Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан, од Владата очекуваат Македонија да добие чиста препорака за датум за отпочнување на преговори со Унијата.
По трансферот на власта, македонските стопанственици не чувствуваат значително подобрување на бизнис климата. Велат дека македонското стопанство е неликвидно, а надлежните не преземаат мерки за подобрување на состојбата.
Работена по текст на чешкиот автор Иван Вискочил, а во режија на Владимир Милчин, премиерата на претставата „Ужегнатост“ е закажана за в среда, во Детскиот театарски центар во Скопје.
Битолскиот совет не изгласа поскапување на водата, но за неколку месеци таа и онака ќе поскапи, зашто одлуката не ја носи Советот, туку Регулаторната комисија за енергетика. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за поскапувањата.
Премиерот Заев изјави дека се подготвени за географска одредница на името Македонија. Тој ги објави и владините одлуки за преименување на автопатот кон Грција во „Пријателство“ и аеродромот Александар Велики во „Аеродром Скопје“.
Стратегијата за проширување на ЕУ за Западен Балкан е составена од 6 иницијативи за владеење на правото, безбедност, социјално-економски развој, транспорт и енергетика, како и дигитална агенда и добрососедски односи.
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за Еуроњуз побара од Скопје да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име. Од македонската влада соопштија дека јавноста била целосно информирана, а дека решение на спорот за разликите за името со Грција е можно.
Повисокиот кредитен рејтинг на државата значи и помали камати за задолжување, но тоа не е единствениот критериум. Македонија во последните 15 години нема големи промени во кредитниот рејтинг.
Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан денеска во Стразбур ќе ја претстават Стратегијата за проширување на Европската унија на Западен Балкан.
„Таа“ ( или „SHE“) е насловена изложбата на младиот уметник Давор Кешќец, што од 1 до 11 февруари се одржува во Галеријата на Младински културен центар во Скопје.
Вчитај повеќе