Решавањето на спорот за името со Грција може да биде од пресудно значење за домашната економија. Тоа ќе значи отворање на македонската економија кон странските пазари, но и нови странски инвестиции, велат бизнисмените.
БИТЛСИ и КВИН по прв пат ќе прозвучат од лимени дувачки инструменти на некоја од домашните сцени, на 7 февруари, во камерната сала на Македонската филхармонија, на концертот на СКОПСКИ БРАС-КВИНТЕТ.
Втора година Куманово избира сувенир на Општината, кој се користи за туристичка промоција. Оваа година е избран е невестински брош - пиле копче, дел од традиционалната македонска носија.
Во администрацијата никој нема да го изгуби работното место, вели министерот Дамјан Манчевски, но дополнува дека луѓето за кои ќе се покаже дека се вишок ќе бидат понудени во бизнис секторот.
По посетата на медијаторот на ОН, Метју Нимиц на Скопје и на Атина на која тој ги слушна ставовите на двете страни, експертите очекуваат дека преговорите се на добар пат.
Македонските власти да поттикнуваат интеграција и разбирање меѓу етничките заедници, рече Комесарот за човекови права во Советот на Европа, Нилс Муижниекс.
ALGIERS – еден од најактуелните нови светски рок бендови, Фестивалот на независна домашна музика „Земјотрес“ во МКЦ и „Скопје синема сити“ во Кинотека на Македонија е културната понуда за викендов.
Десетина села во општина Дебар се без жители. Луѓето се иселиле од политички или од економски причини. Дел се населили во градот, а голем дел мигрирале и во странство.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров по денешната средба со медијаторот Метју Нимиц во Скопје порача дека Македонија нема да преговара за идентитетот и по цена да нема решение на спорот за името.
Владата планира јавниот долг годинава да надмине 52 проценти од БДП, а додека СДСМ беше во опозиција реагираше дека границата од 50 проценти е критична. Сега ВМРО-ДПМНЕ критикува на истиот начин.
Помалку администрација и поголема слобода и плати, бараат наставниците. Учениците пак, очекуваат и законски измени за унапредување на ученичкото организирање и учество во процесот на носење одлуки во средните училишта.
Битолската опозиција обвинува за непотизам при вработувањето во јавните претпријатија во градот. Седницата на битолскиот совет беше со зајадливи, навредливи, а напади и комични коментари.
Вчитај повеќе