Пратениците на Европскиот парламент Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн порачаа дека референдумот е историска шанса за земјава и дека не треба да се чекаат уште 27 години за да се постигне напредок во однос на евроатланските интеграции.
Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека во сегашната трговска војна меѓу Соединетите држави и Кина нема победници. Според ММФ, од клучно значење за глобалниот развој е двете страни да најдат заемно прифатливо решение.
Неформалниот самит на Европската унија во Салцбург е посветен на Брегзитот, односно на неопходноста излегувањето на Британија од Унијата да биде со договор, кој засега се уште е тешко да се постигне.
Со седум гласа против и два за, заврши двочасовната седница на Уставниот суд на која беше разгледувана иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум. Подносителите на иницијативата обвинија за притисок врз судиите.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација го разгледувала барањето за постојано американско воено присуство во Полска. Варшава е подготвена за тоа да плати 2 милијарди долари.
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан повтори дека секој глас е важен и дека граѓаните треба добро да се информираат да излезат и да го остварат своето право на глас. Тој сепак додаде дека ЕУ ќе ја почитува одлуката на граѓаните и секогаш ќе биде на наша страна.
Кандидатот за член на американскиот Врховен суд Брет Кавано и жената која го обвини за сексуален напад во 1982 година, ќе бидат повикани да сведочат во Комитетот за правосудство на Сенатот.
Договорот од Преспа заедно со клучните реформи кои се спроведуваат го отклучија процесот за влез во НАТО, рече американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис. Тој вели дека гласањето на референдумот е најважното гласање во историјата на Македонија.
Ураганот Флоренс што го погоди југоистокот на Соединетите држави предизвика огромни штети и десетина загинати. Во исто време во југоисточна Азија пустоши тајфунот Мангхут.
Меѓународните напори во борбата против климатските промени, наместо досадни и суви преговори деновиве добија холивудски сјај, малку повеќе ветени пари од Волстрит и значителна доза на навивање.
Британски, француски, италијански и германските борбени авиони симулираа пресретнувања на летови над Западна Европа, како дел од вежбите на НАТО за одвраќање на руски авиони да влезат во воздушниот простор на земјите членки на Алијансата.
Косовскиот претседател Хашим Тачи по денешната средба со премиерот Зоран Заев порача дека референдумот е историски момент за Македонија, кој ако биде успешен ќе значи мир за целиот регион. Според него, граѓаните треба да гласаат „за“ и да се постигне цензусот на референдумот.
Вчитај повеќе