Американските власти соопштија дека 19 годишен поранешен ученик застрелал и убил 17 ученици и возрасни во средно училиште во државата Флорида. Тој и се предал на полицијата без отпор.
Израелската полиција препорача покренување обвинување против премиерот Бенјамин Нетанјаху за два случаја на поткуп. Тој, оценувајќи ги наводите за неосновани, најави дека ќе остане на функцијата.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас го повика парламентот да ги испита политичарите за кои постои сомневање дека се вмешани во случајот со примање мито од швајцарската компанија за лекови „Новартис“.
Операцијата за пребарување во со снег покриеното подрачје надвор од Москва каде што вчера дојде до авионска несреќа во која загинаа 71 лице, би можело да потрае неколку денови.
Надежите за брзо усвојување на законот за задржување на функционирањето на владата на Соединетите држави исчезнаа откако републиканскиот сенатор Ранд Пол го искористи процедуралното право и го спречи гласањето. Со тоа дојде до привремено затворање на некои служби на американската влада.
За Јужна Кореја, обновената меѓу-корејска соработка за Зимските олимписки игри претставува добра можност. САД остануваат скептични.
Грчкиот парламент ги објави имињата на двајца поранешни премиери меѓу кои и Андонис Самарас и осум екс министри, вклучувајќи го и гувернерот на Централната банка Јанис Стурнарас и еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос.
Ова на прес конференција го изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање на новинар да ја коментира изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас кој побара од Скопје да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име.
Адвокатите на американскиот претседател Доналд Трамп го советувале да не оди на разговор кај Роберт Мулер специјалниот советник кој го истражува можниот заговор меѓу Русија и изборниот штаб на Трамп.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е решен да открие кој ја снабдувал со ракети сириската Курдска милиција, чии припадници во саботата извршиле напад врз турски војници во Африн.
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас е уверен дека до јуни ќе се реши прашањето за името. Тој во интервју за новинската агенција Ројтерс оценува дека тоа е во интерес и на Грција и на регионот.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров по средбата со медијаторот на ОН Метју Нимиц во Скопје порача дека Македонија за идентитетот нема да преговара. Нимиц изјави дека за такво нешто од грчката страна не станало збор
Вчитај повеќе