Општествата се менуваат, се отфрлаат хомофобијата и нетолеранцијата, барем во развиениот свет. На Балканот, се уште доминира конзервативизмот и неприфаќањето на различните од себе.
Човекот ја менува климата на Планетата, се согласуваат научниците во светот. Сепак, политичарите се уште не можат да постигнат согласност за мерките кои би довеле до запирање на глобалното затоплување. Последиците од оваа појава веќе се чувствуваат и во Македонија.
Насилството врз жените е еден од големите проблеми во светот, па затоа се потребни низа акции на глобално, но пред се, на локално ниво. Македонија не е имуна на овој проблем, кој само со кампањи, не може да се надмине.
Србија јасна - нема да воведе санкции против Русија. Албанија, Црна Гора и Косово со став дека ја следат политиката на ЕУ и ги подржуваат санкциите. Македонија не се изјаснила децидно, но не применува санкции против Русија.
Американската надворешна политика во наредниве две години, според експертите, ќе биде детерминирана и од промената на силите во американскиот Конгрес. Дали тоа значи и поголема посветеност на Балканот?
Балканот со избувнувањето на украинската криза повторно се најде на мапата на која се изцртуваат геополитичките сфери на интерес меѓу големите сили. Каде во тоа е Македонија?
Колку меѓу етничките односи служат за заташкување на вистинските проблеми во Македонија и на Балканот и колку малку треба за да се разградат долгите напори за дијалог и разбирање.
Еболата, е уште еден застрашувачки потсетник на големата моќ на смртоносните заразни болести во овој модерен свет. Според експертите, таа ќе однесе уште многу животи, пред да биде победена.
Во некои од соседните земји, младите, одвреме навреме, го креваат гласот против некои состојби кои не им се допаѓаат и се обидуваат да сменат нешто во општеството. Во Македонија, на младите или се им е во ред или чекаат некој друг да се избори за нивните права.
2014 е драматична година кога станува збор за бегалците, нивните страдања во цел свет, Западен Балкан и Македонија. За жал и натаму се очекува зголемување на нивниот број пред се во земјите во Европа.
Меѓународната коалиција, предводена од САД, деновиве со воздушни напади против милитантите во Сирија и во Ирак. Во коалицијата, политички, се вклучи и Македонија. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека за исламските милитанти ќе нема безбедно место.