Почина Николај Сванидзе, руски новинар и критичар на војната во Украина

Рускиот телевизиски новинар Николај Сванидзе

Рускиот ТВ-новинар Николај Сванидзе, кој важи за еден од основачите на руската телевизија, почина во Москва на 12 септември. Имаше 69 години. Тој беше тешко болен и неодамна му беше дијагностицирана церебрална исхемија.

Сванидзе беше критичар на руската инвазија на Украина, опишувајќи ја како „неиспровоциран напад“ истиот ден кога Москва ја започна својата офанзива во февруари 2022 година.

Подоцна тој неколку пати зборуваше за последиците од „крвавата војна“ за Русија.

Во декември 2022 година, Сванидзе беше разрешен од функцијата директор на Институтот за масовни медиуми и рекламирање на Рускиот државен универзитет за хуманистички науки, на кој работеше 12 години.

Видете и ова: Руското обвинителство бара три години затвор за ветеран во борбата за човекови права

Неколку месеци подоцна, рускиот претседател Владимир Путин ги избрка Сванидзе и другите активисти и новинари од Советот за човекови права.

Наместо тоа, Путин ги додаде во Советот оние кои ја промовираат провоената програма во Русија.