Украинските власти во главниот град и другите региони известија дека биле мета на руски ракетни и напади со беспилотни летала во раните утрински часови во средата. Загинале најмалку седум лица.
Новите напади доаѓаат по големиот удар што руските сили го извршија во централна Украина, каде на полигон за воена обука загинаа најмалку 51 лице.
Челниците на воените администрации во Киев и Лавов на исток, како и официјален претставник на Кривји Рих, предупредија дека биле истрелани крстосувачки ракети и други проектили врз овие населени места.
Во сите три града можеа да се слушнат експлозии.
Во Лавов, шефот на воената администрација Максим Козичи изјави дека таму загинале две лица, а 19 се повредени.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Критики за одбраната на Украина по рускиот воздушен напад во кој загинаа над 50 луѓе
Градоначалникот Андриј Садовиј изјави дека наставата во училиштата е откажана бидејќи била нападната станбена населба во близина на железничката станица во Лавов.
Козичи подоцна на Телеграм објави дека починало и 14-годишно девојче, со што бројот на загинати се искачи на три. Бројот на повредени, пак, се искачи на 25.
Во Кривји Рих, централна Украина, локалниот политичар Олександр Вилкул рече дека пет лица биле повредени, но ниту едно сериозно, кога ракета погодила цивилна инфраструктура во центарот на градот. Тој посочи дека во нападот биле оштетени најмалку 10 висококатници, вклучително и хотел.
Украинските власти, исто така, објавија дека објектите на Црното Море биле цел на руските сили, вклучително и Змискиот Остров, парче земја што украинските сили успеаја да го повратат откако Русија го зазеде на почетокот од нејзината инвазија во февруари 2022 година.
Во исто време, украинските власти се борат со последиците од двојниот руски напад врз воениот Институт за комуникации во централниот украински град Полтава, во кој загинаа најмалку 51 лице, а 219 други беа ранети.
Гувернерот на областа Полтава, Филип Пронин, во вторникот изјави дека под урнатините може да бидат затрупани уште 15 луѓе, додека тимовите за пребарување и спасување продолжуваат да го расчистуваат и пребаруваат теренот.