Пауза во преговорите за прекин на огнот во Газа

Газа, 11 август 2024 година

Преговорите за прекин на огнот во Газа во Доха беа прекинати денеска, 15 август, а преговарачите ќе се состанат повторно следната недела за да бараат договор за прекин на борбите меѓу Израел и Хамас и ослободување на преостанатите заложници, рекоа посредниците.


Во заедничка изјава, Соединетите Држави, Катар и Египет соопштија дека Вашингтон претставил нов предлог заснован на точките на договор во текот на изминатата недела, со што се затвора јазот меѓу страните за да се овозможи брзо спроведување на договорот.

Медијаторите ќе продолжат да работат на предлогот и во наредните денови, велат оттаму.

„Сега е поставен патот за тој исход, спасување животи, олеснување на луѓето во Газа и деескалација на регионалните тензии“, се вели во соопштението.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека сме „поблиску од кога било“ до прекин на огнот во Газа, „но сè уште не е постигнато“.

„Да не кажам голем збор, но веќе има нешто конкретно. Сепак, сè уште не е конечно“ изјави Бајден на новинарите во Белата куќа.

Израелски официјален претставник изјави дека неговата делегација во Доха се враќа дома подоцна во петокот, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се очекува да се сретне со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во понеделник.

Последната рунда повеќемесечни разговори за ставање крај на војната во Газа, во која загинаа десетици илјади Палестинци, започна во четвртокот меѓу Израел и посредниците.

Палестинската милитантна група Хамас не беше директно вклучена во разговорите, но беше информирана за напредокот.

Видете и ова: Во Доха започнаа преговорите за прекин на огнот во Газа

Меѓу спорните точки е и инсистирањето на Израел дека мирот ќе биде возможен само ако Хамас биде уништен, додека Хамас инсистира дека ќе прифати само постојан, а не привремен прекин на огнот.

Други потешкотии го вклучуваа редоследот на договорот, бројот и идентитетот на палестинските затвореници што требаше да бидат ослободени заедно со израелските заложници, контролата на границата Газа-Египет и слободното движење на Палестинците во Газа.

Израелските сили удираа цели во Газа во текот на ноќта, наредувајќи им на палестинските жители да ги напуштат областите што претходно ги назначи како безбедни зони за цивили, велејќи дека Хамас ги користи за да истрела минофрлачи и ракети врз Израел.

Конфликтот започна на 7 октомври минатата година кога оперативците на Хамас го нападнаа Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе и зедоа околу 250 заложници, според израелските извештаи.

Според палестинските здравствени власти, израелската воена кампања претвори голем дел од Газа во урнатини и уби повеќе од 40.000 Палестинци, главно цивили. Израел соопшти дека елиминирал 17.000 борци на Хамас.