Судот во Минск, Белорусија, осуди поранешен припадник на војската на 19 години затвор за „предавство против државата“, јави белорускиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).
Павел Кучински се гонеше за седум члена од белорускиот Кривичен законик. Тој беше посочен како член на БИПОЛ (BYPOL), група која ги обединува поранешните службеници кои биле задолжени за спроведување на законот, а кои ги поддржуваат опозициските политичари.
Видете и ова: Белоруска активистка осудена на 10 години затворГрупата беше основана е во 2020 година во пресрет на масовните протести со кои се доведуваа во прашање официјалните резултати од претседателските избори на кои победата за шести мандат ја однесе авторитарниот лидер Александар Лукашенко.
Во август 2022 година, БИПОЛ беше прогласена за терористичка организација од страна на Врховниот суд на Белорусија.