Ватикан одобри благослов за истополовите парови под одредени услови

Папата Франциск.

Ватикан на 18 декември, во клучната одлука одобрена од папата Франциск, соопшти дека римокатоличките свештеници можат да им дадат благослов на истополовите парови доколку не се дел од редовните црковни ритуали или литургии.

Во документ од доктриналната канцеларија на Ватикан се наведува дека таквите благослови нема да ги озаконат неправилните ситуации, туку би биле знак дека Бог ги прифаќа сите.

Ова, како што е наведено, во никој случај не треба да се меша со светата тајна на хетеросексуалниот брак.

Видете и ова: Ватикан осуди кардинал на пет и пол години затвор

Беше наведено дека свештениците треба да одлучуваат од случај до случај и дека „не треба да ја спречуваат или забрануваат близината на Црквата со луѓето во каква било ситуација во која би можеле да побараат помош од Бога преку едноставен благослов“.

Папата навести дека официјалната промена е во тек како одговор на прашањата поставени од пет конзервативни кардинали на почетокот на бискупскиот синод во Ватикан.

Додека одговорот во октомври беше поизразен, документот од осум страници од понеделник, со поднаслов „За пасторалното значење на благословите“, прикажува конкретни ситуации.

Делот од 11 страници беше насловен „Благослов на паровите во нерегуларни ситуации и паровите од ист пол“.

Црквата учи дека истополовата привлечност не е грев, туку дека хомосексуалните чинови се.

Од неговиот избор во 2013 година, Франциск се обиде да ја направи Црквата од 1,3 милијарди членови повеќе да ги прифаќа ЛГБТ луѓето без да ја промени нејзината морална доктрина за истополовите активности.