Предвремениот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас ќе започне утре во седум часот наутро, објави катарското Министерство за надворешни работи.
Зборувајќи на конференција за новинарите во Доха, портпаролот на катарското МНР, Мајед ал Ансари, рече дека првата група ќе биде составена од 13 луѓе и дека приоритет ќе имаат семејствата.
„Почетокот на прекинот на огнот ќе започне во 7 часот наутро во петок, 24 ноември, и ќе трае според договореното – четири дена. Првите групи цивили кои ќе бидат пуштени од Газа ќе се случи околу 16 часот истиот ден“, изјави тој.
Видете и ова: Ослободувањето на заложниците од Газа нема да се случи пред петокАнсари рече и дека состаноците меѓу двете страни поминале „многу добро“ и се продолжени до раните утрински часови.
Кога станува збор за хуманитарната помош, портпаролот на катарското МНР истакна дека таа ќе биде дозволена во палестинската енклава од 7 часот наутро, односно дека очекува помошта да биде доставена „што е можно побргу“ преку граничниот премин Рафа од Египет.
„Тоа ќе биде дел помош потребна во Газа. Потребата од помош во Газа е навистина голема. Нашата цел е овој договор да се заврши со трајно примирје“, заклучи тој.
Видете и ова: Во очекување на четиридневниот прекин на огнот, Израел продолжува со воените операции во Појасот ГазаПретходно Израелскиот советник за безбедност Хачи Ханегби, изјави дека ослободувањето на заложниците нема да се случи пред петок, но рече и дека преговорите за ослободување на заложници напредуваат.
Според договорот постигнат меѓу израелската влада и радикалната група Хамас, Израел ќе ослободи 150 палестински затвореници во замена за 50 заложници на Хамас, а четири дена ќе има прекин на огнот во Појасот Газа.