Полицијата сѐ уште го бара напаѓачот од Луистон

Полицијата по пукањето во Луситон, од каде потекнува осомничениот, 26 октомври 2023

Продолжува потрагата по напаѓачот кој уби најмалку 18 и рани 13 лица во масовно пукање што се случи во куглана и бар во градот Луистон во американската сојузна држава Мејн. Ова е најсмртоносното масовно пукање во Соединетите Држави оваа година.

Во четвртокот, на 26 октомври, гувернерката на таа американска држава Џенет Милс на прес-конференција изјави дека Роберт Кард е осомничен за пукањето во кое беа повредени 13 лица.

Стотици полицајци трагаат по Кард откако тој отворил оган во средата навечер во куглана и ресторан во Лусистон.

Милс рече дека Кард се смета за вооружен и опасен.


Роберт Кард, осомничениот за масакрот, е обучен инструктор за огнено оружје и армиски резервист. Поранешните колеги го опишуваат како одличен стрелец. Пушката со која е извршен масакрот е легално купена.

Семејството на Роберт Кард изјави дека тој неодамна почнал да тврди дека слуша гласови во кугланата и барот, односно дека луѓето од тие места зборуваат за него.

Властите го повикаа да се предаде.

Американскиот претседател Џо Бајден Бајден ги повика републиканците „да го заштитат американскиот народ“. Во говорот на 26 октомври тој масовното пукање го нарече „бесмислено и трагично“.

Во објава на социјалната мрежа X, американскиот претседател рече дека републиканците во Конгресот треба „да ја исполнат својата должност да го заштитат американскиот народ“ и да се посветат на реформирање на законите за оружје во земјата.

Видете и ова: Гувернерката на Мејн: Најмалку 18 лица се убиени во пукањето во Луистон

Во меѓувреме, училиштата во областа се затворени, како и сите општински згради во Луистон.

Луистон е вториот најнаселен град во Мејн со повеќе од 38 000 луѓе кои живеат таму, според американскиот попис.

Градот е приближно 58 километри од Портланд, најголемиот град во Мејн. Целата земја има 24 градови и повеќе од 1,3 милиони жители. Самиот Луистон е блиску до границата со Квебек, Канада.

Повеќето смртни случаи поврзани со оружје во Мејн се самоубиства, а не убиства. Според податоците на невладиниот сектор, 89 отсто од годишните смртни случаи од огнено оружје во Мејн биле самоубиства со огнено оружје, додека 7 отсто биле убиства.

На национално ниво, 61 отсто од смртните случаи поврзани со оружје во САД се самоубиства, а 36 отсто се убиства.