Обид за убиство на жена во Бјелина, напаѓачот починал по скок од балкон

Илустрација - Фотографија од еден од протестите кои последниве денови се организираат во БиХ поради неколкуте убиства и напади на жени

Четириесетгодишен маж починал во болницата „Свети Врачеви“ во Бјелина, на североистокот на Босна и Херцеговина, од повредите со кои се здобил скокајќи од четврти кат на трансформаторската станица, соопшти Окружното јавно обвинителство на соопшти Бјелина.

Претходно маж се обидел со нож да ја убие својата долгогодишна девојка.

„Во својот стан со нож и нанел повеќе убодни рани на својата долгогодишна девојка, по што скокнал од балконот и паднал на трафостаницата. Од здобиените повреди мажот починал утринава“, велат од Обвинителството.

Видете и ова: Уште една жртва на фемицид во БиХ


Во последните десет дена во Босна и Херцеговина беа убиени две жени. Убијците биле нивни партнери.

Последното убиство се случи во понеделникот, на 21 август, кога маж ја убил својата партнерка во семејната куќа, недалеку од Живинице, на североистокот на Босна и Херцеговина.