Граѓаните на Швајцарија на референдум во недела, на 18 јуни, ќе гласаат за нов закон за заштита на климата и повисоки корпоративни даноци. Анкетите покажуваат дека и двете мерки ќе поминат. Резултатите се очекуваат во раните попладневни часови.
Парламентот веќе го усвои нацрт-законот за климата, но конзервативната Швајцарска народна партија (СВП) го отфрли, тврдејќи дека тоа би предизвикало експлозија во растот на цените. СВП собра доволно потписи за да го стави на референдумот прашањето за двата закона, пишува Франс прес.
Првиот закон има за цел да ја направи Швајцарија климатско неутрална до 2050 година. За да се постигне ова, штетните емисии мора да се намалат за 75 отсто до 2040 година во споредба со нивоата од 1990 година. Треба да се намали потрошувачката на фосилна енергија.
Видете и ова: Швајцарија одби трансфер на нејзино оружје за УкраинаШвајцарската влада со финансиска поддршка сака да го поттикне напуштањето на греењето со нафта и гас. Компаниите, исто така, ќе добијат поддршка за да им се помогне во транзицијата кон технологии кои се попогодни за климата.
За оваа намена се достапни 3,2 милијарди швајцарски франци во период од десет години. Швајцарија сè уште увезува околу три четвртини од својата енергија. На Алпите се планирани големи паркови со соларни панели и повеќе турбини на ветер.
Во случајот со данокот на добивка, се работи за спроведувањето на одлуката на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), која бара меѓународните компании со продажби од најмалку 750 милиони евра да се оданочуваат со стапка од најмалку 15 отсто. .
Даночните стапки во швајцарските кантони во некои случаи се значително пониски и затоа се особено привлечни за мултинационалните корпорации.