Велика Британија воведе нов пакет санкции против Русија, насочени кон компании поврзани со кражба на украинско жито и лица вклучени во снабдувањето со руски енергетски производи.
Санкциите се насочени кон големите руски компании за енергетика и транспорт на оружје, вклучително и оние поврзани со руската државна нуклеарна компанија Росатом и сопственикот на руската компанија за бакар, Игор Алтушкин.
На санкционираната листа има 86 лица и субјекти.
Санкциите се однесуваат на руската енергетска, метална индустрија, одбрана, транспорт и финансиски сектори, соопшти британското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека ова е уште еден начин на притисок врз Русија, „која ги користи овие сектори како поддршка за својата воена машинерија“.
Санкциите уследија откако премиерот Риши Сунак најави нови забрани за увоз на руски дијаманти и бакар, алуминиум и никел.
Заедно со САД, Велика Британија и останатите големи економии на Г7 ќе објават нови санкции и мерки за контрола на извозот кон Русија на самитот во Јапонија овој викенд.