Пожар во зграда во Дубаи - 16 загинати и девет повредени

Еден од становите што беше целосно уништен од пожар, Дубаи, 16 април 2023 година.

Во пожар во станбена зграда во Дубаи, 16 лица загинаа, а девет се повредени во популарна област на богатиот заливски емират, објавија локалните медиуми.

Пожарот избувнал во саботата среде бел ден на четвртиот кат од зградата Ал Рас во стариот кварт на градот, каде живеат многу странски работници.

„Прелиминарната истрага покажува дека причина за пожарот е непочитување на безбедносните барања на објектот“, се вели во соопштението на цивилната одбрана, кое го пренесоа медиумите.

Не е наведена националноста на жртвите.

Видете и ова: Предупредување до жителите на Хамбург по голем пожар во магацини

Дубаи е еден од седумте емирати на Обединетите Арапски Емирати и има околу 3,3 милиони жители, од кои речиси 90 отсто се странци.

Надлежните спроведуваат дополнителна истрага за да дадат детален извештај за причините за несреќата“, се вели во соопштението.

Порано во тој град имаше спектакуларни пожари кои направија големи штети, но немаше жртви.

Во 2017 година, властите објавија построги градежни регулативи за да се минимизира ризикот од пожар, главно припишан на употребата на многу запалив материјал за обложување на надворешноста на зградите.