Побаран притвор за осомничениот за протекување американски документи

Агентите на ФБИ го уапсија Џек Тешеира, Масачусетс, 13 април 2023 година

Американското Министерство за правда побара осомничениот за поврзаност со протекувањето доверливи документи од Пентагон, Џек Тешеира, да биде задржан во притвор во судењето. Тој денеска беше изведен пред Федералниот суд во Бостон, во американската сојузна држава Масачусец.

Тешеира, кој е припадник на Воздухопловната национална гарда на Масачусец, е уапсен на 13 април под сомнение дека е поврзан со случајот со објавување доверливи документи.

Тој бил специјализиран за разузнавачки активности во Националната гарда.

Видете и ова: Бајден се обидува да ја намали загриженоста, додека истрагата за протечените американски документи продолжува

Министерството за правда на САД започна кривична истрага минатата недела откако случајот беше проследен од Пентагон.

Некои од документите, наводно, даваат детали за воените способности и проблеми во украинската војска, како и информации за американските сојузници како Израел, Јужна Кореја и Турција.