Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, денеска изјави дека според направениот увид, во нападот на осумгодишникот во Пинтија учествувале две кучиња кои сега се изолирани и ставени под надзор на ветеринар. Бабевски додаде дека кучињата биле уредно идентификувани со микрочип. Официјален ветеринар ќе го испитува случајот и ќе врши проценка на околностите под кои се случил инцидентот.
„Дворот во кој се чуваат кучињата е соодветно заграден и на влезот е поставен предупредувачки знак „Пази куче“, вели директорот на АХВ Николче Бабовски.
Со контролата ќе се испитува и дали сопственикот на кучињата ги почитувал сите одредби од законите како што се условите за држење на кучињата од страна на сопственикот. Двете кучиња од расата „англиски мастиф“ се регистрирани и во Кинолошкиот сојуз. Едното е увезено од Србија, а другото од Белорусија.
Оттаму за МИА изјавија дека се работи за кучиња од поголем раст, кои учествувале на изложби и кои се добро одгледани и социјализирани.
„Се работи за кучиња од поголем раст, меѓутоа напоменувам дека кучињата учествувале на изложби што значи дека се социјализирани затоа што на изложби за убавина мора кучињата да бидат добро одгледани и социјализирани со други животни и со луѓе“, изјави претседателот на Кинолошкиот сојуз, Јордан Христовски.
Од здружението за заштита на животните, „Анима мунди“ пак за МИА изјавија дека ќе се произнесат доколку проценат дека има основ за тоа по официјалните ставови на институциите.
Видете и ова: Најдено удавено девојчето што падна во Вардар бегајќи од кучиња скитнициОбвинителството утринава информираше дека надлежен јавен обвинител излегол на лице место и дека се преземаат мерки за испитување на целиот случај, а телото на детето е дадено на обдукција.
Согласно одредбите на Законот за заштита и благосостојба на животните, во поглед на држење на опасни кучиња, сопственикот или одговорното лице за опасно куче треба да обезбеди услови за држење на животното соодветно за расата, потребите и карактеристичното однесување, при што вклучително треба кучето да го чува во заграден простор или врзано и при движење кучето да го врзе на поводник и да му стави заштитна маска. Опасните кучиња при движење треба да бидат придружувани од полнолетно лице.
Заробен стационар, заглавен закон - Скопје „врие“ од бездомни кучиња
Сопствениците на кучиња треба на влезната врата во дворот на видливо место да постават табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче, без разлика дали кучето или кучињата се опасни или не.